Пресс24: По вчерашниот митинг, СДСМ во паника: Спасовски повторно креира хаос во МВР

Вистинска паника владее во опозициските редови по вчерашниот масовен собир на ВМРО-ДПМНЕ на кој присуствуваа над 40.000 граѓани. Стравот од извесниот пораз кој доаѓа на 11 декември предизвикал вистински хаос на Бихаќка кој најсилно го почувствувале вработените во МВР, каде техничкиот министер Оливер Спасовски, на денот кога се распушта Собранието незаконски разместувал професионални полициски кадри и на нивно место инсталирал партиски послушници, пишува Press24.Додека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се подготвува да распише избори, правните служби во МВР штанцале решенија за прераспределување.
Како што дознава Press24 Спасовски само денеска спротивно на Законот и системот за кариера во МВР разместил 17 актуелни старешни во единицата Алфа, а на нивно место донел 36 партиски послушници со двојни решенија.
Освен во единицата Алфа, Спасовски направи целосен хаос и во други организациски единици на МВР.
Според информациите до кои дојде порталот целиот Дежурен оперативен центар од Велес (ДОЦ) Спасовски го преместил во крим техника, а во исто време не ги пополнил нивните места. Искусни полициски службеници за Press24 велат дека поради неспособноста на Спасовски и неговото апсолутно непознавање на работењето на МВР, сега СВР Велес се соочува со сериозен проблем и во прашање е доведена неговата функционалност, од што најголема штета може да се почувствува на грбот на граѓаните.
Сепак, како што вели изворот на порталот од МВР, за Спасовски воопшто не било важно како ќе функционира велешкиот Сектор за внатрешни работи, туку тој единствено се грижел да ги вдоми партиските кадри унапредувајќи ги надвор од сите закони и процедури во МВР.
Само во текот на денешниот ден, кога Собранието се распушташе, исплашениот Спасовски според извор на порталот поделил неверојатни 110 решенија за хоризонтално распределување на службеници во МВР. Во сите случаи без исклучок станува збор за инсталирање на строго партиски кадри на раководни позиции од кои најголем дел воопшто немаат никакви познавања од работата на местото на кое Генералниот секретар на СДСМ ги распоредил.
Ова е само продолжување на бранот партизација која Спасовски ја врши во МВР. Во четвртокот на 13 ноември, Спасовски во својот кабинет инсталирал серија партиски војници, чии плати ќе се исплаќаат од џебот на македонските граѓани.
Исто така станува збор за унапредувања спротивни на системот за кариера во МВР.

Додека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се подготвува да распише избори, правните служби во МВР штанцале решенија за прераспределување.

Пронајдете не на следниве мрежи: