Пред една деценија, малата балканска земја Македонија со релативно кратка независност се соочуваше со највисоката стапка на невработеност во континентална Европа. Даноците беа меѓу највисоките во регионот, а деловната клима особено неповолна. Светската банка, во тоа време, ја оцени како една од најлошите земји за бизнис, пишува во колумна за престижниот The Hill, врвниот економист, Паскал Хјуз.-Денес, додека се соочува бури во домашната политика и со геополитички притисок, малата земја која беше на пабот на Европа се трансформира во мала земја со голем потенцијал, брзо-растечка ѕвезда на првата линија на фронтот во Европа. Невработеноста се намали за повеќе од 10 проценти, даноците се најконкурентни во целиот свет, а туризмот се повеќе се развива, пишува Хјуз.
Македонија, пишува Хјуз, беше принудена да се справува со првите бранови на бегалската криза и континуираното одбивање да го добие статусот на земја кандидат за ЕУ заради спротивставувањето на Грција.
-Сепак не застанз и продолжи да се развива и сега според Светската банка се наоѓа на четвртото место во извештајот за најдобрите земји за започнување на бизнис, извештај во кој се опфатени 190 светски економии. Лидерот во Европа, Македонија е далеку понапред пред своите соседи. Грција на јужната граница е на 56 место, Србија на север е на 47 место, а традиционалните големите играчи Велика Британија, Франција и Германија се рангирани 16, 27 и 144 место соодветно. Па, како оваа земја која се уште е само тинејџер во модерната демократија може да успее таму каде што другите не успеаја?, прашува Хјуз.
Пред се, смета Хјуз, Македонија успеа да ја задржи позитивната фискална насока и упорно се фокусира на клучните инвестиции и заживување на економијата. Премиерот на земјата во изминатата деценија Никола Груевски, кој се кандидира за реизбор оваа година, изјави дека имал само една главна задача – да поттикне промена во економската моќ на земјата. Кога за прв пат ја презеде функцијата тој рече дека ќе стори се “за да направи земја да биде погодна за инвестиции.
-Фокусирајќи се на мерките за поддршка на домашната економија, Владата привлече странски инвестиции, се отворија нови фабрики и се создаде поволна бизнис клима која за возврат создаде нови 160.000 работни места што значително влијаеше врз население од 2 милиони луѓе. Невработеноста се уште е премногу висока, но траекторијата е неверојатно позитивна – намалување од 24 проценти во споредба со претходните 38 проценти. Уште една промена се издвојува пред сите други. Данокот. Според Бизнис Инсајдер, просечната даночна стапка во земјата сега е 7,4 проценти со што оваа земја е глобален лидер. Македонија е единствената земја во светот со општа бизнис даночна стапка пониска од 10 проценти, пишува Хјуз.
Покрај можноста лесно да тргува со Европа која се уште не е ограничена со даночниот режим на ЕУ, Македонија воведе најниски даночни стапки во регионот преку исклучителен систем на рамен и низок персонален данок на доход и корпоративен данок со што им ја понуди можноста на компаниите кои го реинвестираат својот профит да платат нула проценти данок.
-На сличен начин, Владата го намали ДДВ во неколку сектори од 18 до 15 проценти, на производи и сектори со цел да го поттикне развојот на економијата. Оваа енергија ги создаде промените. Секој кој го следеше Си-Ен-Ен и ударните известување за изборите на САД, особено ноќта по изборите, ги гледаше и редовните реклами “Инвест Маседониа”. Овој мудар потег на маркетингот е со цел да и помогне на земјата да привлече нова светска публика. А светската бизнис публика и треба да ги забележи, пишува Хјуз.
Првите храбри компании почнаа да се ја заземаат оваа територија, одлучија да отворат фабрики и производствени линии и да ги искористат вештините на високо-квалификуваната, посветена работна сила. Големите инвестиции се на компаниите со седиште во Германија, Велика Британија, Америка, Кина и Јапонија. Големо прашање е, кој инвеститор ќе биде следниот.
-Македонија веќе се наоѓа во период во која ја очекува многу возбудлива и просперитетна иднина, ја завршува Хјуз колумната во The Hill.
Кој е Паскал Хјуз?
Паскал Хјуз е генерален директор на Дорман Лонг Енџиниринг и околу 20 години работеше во Инвестмент Бенкинг во Лондон. Претходно беше на позицијата Управен директор за фиксен приход, валути и стоки во Ју-Би-Си Бенк и Извршен директор за глобално банкарство и пазари во Ејч-Ес-Би-Си. Кариерата ја започнал во Дојче банка во 1994 година, каде што работел 10 години.
Во текот на својата кариера во некои од најголемите финансиски институции во светот, Паскал доби се стекнал со искуство во однос на широк спектар на бизнис и трансакции и работа со големи корпорации, влади, фондови со богатства и инвестициски институции.
Тој е и активен приватен инвеститор и советник на отворање на компании во различни бизнис линии од онлајн трговијата на мало до услуги од нафтените полиња.
Паскал Хјуз дипломирал Сметководство и финансии на Универзитетот во Даблин и е Магистер по финансиска економија на Универзитетот Квинс во Белфаст. Тој исто така е студент на Лондонската школа за бизнис.-Денес, додека се соочува бури во домашната политика и со геополитички притисок, малата земја која беше на пабот на Европа се трансформира во мала