На 5-ти мај минатата година, веднаш по објавувањето на “бомбата“ од страна на Зоран Заев за случајот со убиството на Мартин Нешковски, пред Владата се случија насилни протести во кои беа повредени околу 40 полицајци. Случајот беше подгреван од СДСМ и соросовите портали, кои го злоупотребија трагичниот настан за политички цели.Манипулациите на опозицискиот лидер Зоран Заев од објавените нелегално прислушувани материјали кои се однесуваа на случајот со убиството на Мартин Нешковски целосно паднаа во вода. Највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе одлука според која МВР за овој случај работело брзо и ефикасно.
Постапувајки по жалбата поднесена од Ленка Нешковска, мајка на починатиот Мартин Нешковски, судот ги одбил нејзините наводи и оценил дека ефикасна истрага спровеле истражните органи при утврдување на причините за смртта на Нешковски, додека државата ги исполнила сите критериуми.
Сето ова отвора една нова димензија на целиот случај, односно настаните кои следеа по објавување на “бомбата“ на Заев за убиството на Нашковски, а кои кулминираа со насилни протести пред Владата на 5-ти мај во кои беа повредени 40-тина македонски полицајци, односно само неколку дена пред кумановските настани во кои загинаа осуммина македонски полицајци.
Универзитетската професорка Билјана Ванковска смета дека семејството е користено како паричка за поткусурување и додава дека случајот беше намерно подгреван со “бомбите“ и со 5-ти мај.
-Не знам кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна: Судот не може да навлезе во политички околности, бомби и озборувања, туку видел факти: сторителот брзо изведен пред суд и казнет со висока казна. Крај на приказната! И ова покажува дека случајот беше намерно подгреван (со бомбите и со 5 мај), семејството користено како паричка за поткусурување, па уште и ако некој адвокат се офајдил од луѓево – тогаш трагедијата е комплетна, напиша Ванковска.
Јавноста добро ги памети немирите во мај минатата година пред Владата, кога СДСМ брутално ги нападна македонските полицајци токму по објавување на нелегално стекнатите материјали поврзани со случајот Нешковски.
Непосредно пред кумановските настани, хулигани на СДСМ сериозно повредија четириесеттина полициски службеници, кои беа нападнати со камења, дрва, бекатон плочки, шипки и други тврди предмети.
Насилните протести тогаш ги предводеше Бошко Јосимоски викан Црвен. Во јуни минатата година, токму Црвен за учеството на протестите на СДСМ пред Владата доби затворска казна од 2 години и 4 месеци според пресудата на скопскиот Кривичен суд.
За инцидентите на протестите на СДСМ во кои беа повредени околу 40 полицајци, 14 лица добија условни, а 3 ефективни затворски казни. Претходно, на социјалните мрежи кружеа фотографии од штабови на СДСМ, во кои членови имаа обука за насилства и рушење на јавниот ред и мир.Манипулациите на опозицискиот лидер Зоран Заев од објавените нелегално прислушувани материјали кои се однесуваа на случајот со убиството на Мартин