Пресврт: НАТО сака политички договор бидејќи украинската војска е пред пораз?

Предводниците на земјите на НАТО денес во Њупорт, Велика Британија, подготвуваат нова високо спремна единица во базите на источна Европа со цел да се осуети „руската закана“, додека Европската унија најавува нови санкции за Москва.Таен воен извештај на НАТО укажува на тоа дека политичката спогодба за украинската криза е неминовна, бидејќи украинската војска е пред пораз во побунетиот дел од земјата.
Затоа е забележително вниманието помеѓу делегациите на самитот на НАТО посветена на најавата дека утре Киев  и Москва ќе преговараат во Минск за мирно решение на украинската криза.
Киев ја прифатил понудата на Москва да преговара за примирје и мирно решавање на украинската криза, затоа што украинската војска доживеала сериозни порази во судирите со бунтовниците на исток и затоа што би било невозможно да се одржат избори во Украина, кои во октомври ги закажал претседателот Порошенко, доколку продолжат вооружените судири.
Рускиот претседател Владимир Путин, се претпоставува дека,  би го намалил притисокот на Москва и би избегнал пожестоки санкции од ЕУ.
Генералите на НАТО наведуваат дека украинските сили се соборени на три фронта, вклучувајќи го и потегот кон Придњестворје, па „амбициозниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и капетаните на копнената војска, авијација, морнарицата и специјалните сили, Саљуков, Бондарев, Чирков и Саманов се на пат да му ја сервираат на Путин војно -геополитичката победа на сребрена чинија“.

Иако Европската комисија во Брисел најавила остри санкции за Русија, Германија, Франција и не мал број други членки на НАТО и ЕУ сметаат дека мора да се оди на  политичко решение за украинската криза преку преговори.
Американскиот претседател Барак Обама пред самитот на НАТО, заземал остар став кон Русија, во што имал посебно силна поддршка од британскиот премиер Дејвид Камерон кој стигнал до таму што рускиот претседател Путин го споредил Хитлер, а ситуацијата со Украина со „Минхен 1938“.
 Таен воен извештај на НАТО укажува на тоа дека политичката спогодба за украинската криза е неминовна, бидејќи украинската војска е пред пораз во по

Пронајдете не на следниве мрежи: