Претенденти за Македонија- III дел

„Присоединувањето на Македонија ќе ни создаде непомирливи непријатели во лицето на Србија и Грција, заради кои тоа ќе биде страшен удар. Тогаш Бугарија ќе стане фактичка владателка на Балканот, бидејќи нејзината територија ќе се протега од Дунав до Егејското Море и од Црното Море до Јадранско.
Прочитајте ги и  првиот и  вториот дел од „Претенденти за Македонија“Балканскиот полуостров ќе стане тогаш театар на уште една братоубиствеиа војна, додека конечно некој силен сосед не не натера да заќутиме и да се смириме, откако ќе ги освои и едните и другите. Ние немаме никаков интерес да си создаваме непријатели од Србите, Грците и Романците. Напротив, за нас е суштинско потребно меѓусебно да се разбереме со тие народи и да создадеме унија за заедничка одбрана против секаква надворешна интервенција. При тие услови најдобро разумно решение на македонското прашање е спогодбата меѓу заинтересираните балкански држави неутралност “Македонија за Македонците” – Дионисиј Григорев во својата статија „Претендентите за Македонија“
Во ова продолжение на статијата „Претендентите за Македонија“, авторот под псевдонимот Дионисиј Григорев ни го дава својот поглед како најдобро може да се реши македонското прашање. Иако е пишувано на крајот на XIX век тоа не губи од својата актуелност. Анализиријаќи ја актуелната состојба на Балканот тој за македонското прашање ќе напише:
„Има уште еден начин за акција за да се натера европската дипломатија да интервенира. Всушност и востанијата ја гонат токму оваа цел. Македонските дејци многу добро разбираат дека со свои сили тие никогаш не можат ја победат Турција, но востанието ќе предизвика репресалии од страна на дивата турска влада и ќе предизвика внимание на Европа за Македонија. Овој пат го поминале сите поранешни народи подчинети на турскиот султан – сега се независни народи; по истиот пат сметаат да се  ослободат и Македонците.
Кога се обраќаат кон Европа, Македонците се базираат на берлинскиот договор, со кој европските држави и припишаа на Турција да ги воведе познатите реформи во Македонија. Тие сакаат спроведување на овие реформи. Суштината на бараните реформи е ограничена автономија на Македонија, под водство на генерал-гувернер – христијанин. Штом овој чекор се направи, присоединувањето на Македонија кон Бугарија ќе стане, само прашање на време. Така беше и со поранешната Источна Румелија. Голем дел од Македонците – имено русофилите – се потпираат на Русија, како најглавен фактор за добиванието автономија на Македонија. Фасцинираноста од руските успеси во 1877-88 година се уште е жива во имагинацијата на бугарите-Македонци. Македонското население верува дека Русија ќе објави војна на Турција. “Ваквите гласини се шират и во најодалечните ќошиња на Македонија” – пишува русофилскиот македонски орган “Борба” (бр. – Нели Русија го потпиша Сан-Стефанскиот договор, со кој се задолжува да се даде Македонија на Бугарите? Ако во последните години таа не покажуваше особено сочувство кон бугарските претензии за Македонија, тука се криви самите Бугари, кои се одделија од Русија и тргнаа по нејзините непријатели. И до сега кнезот Фердинанд води една двосмислена политика, затоа. Русија не ја поддржува отворено нашата земја“.
Такви се идеите и надежите на некои. Сосема спротивно на таквиот тек е движењето на сепаратистите. Тоа движење уште ново и младо, но по се изгледа дека тоа треба да има иднина. Несомнен факт е дека оваа движење постои во самата Македонија. Владиниот орган (сега опозициски – б. итн.) неодамна пишуваше за “причините да се затвори битолската гимназија” и обвинуваше дел од локалната македонска интелигенција за сепаратизам кој се манифестира во стремежот да се протераат од сите места во егзархијата и во образовна дело родените во кнежеството Бугарија и да се заменат со Македонци. Но ако во Македонија сепаратизмот се изразува со стремежот да се исполнат сите места и позиции со свои луѓе, тогаш во Бугарија работата стои сосема поинаку. Таму сепаратическото движење и меѓу Бугарите, и меѓу Македонците има теориско објаснување. Неговите следбеници се регрутираат од редовите на крајните радикални елементи. Нивната аргументација не – е лишена од логика и политичка мудрост и заслужва вниманието на читателот, кој сака да се ориентира во движењата формирани околу македонското прашање. Пред сè, сепаратистите ја негираат оправданоста на бугарските претензии над Македонија. И навистина: какво е населението во Македонија?
Прашањето за односот на составот на нејзиното славјанско население ние го сметаме за решено во корист на Бугарите. Да претпоставиме дека славјанското население на Македонија е бугарско, но како се однесува славјанското население кон целото население на земјата?
Професорот Вајганд смета дека сето население брои до 2,275,000 луѓе, од кои само 1.200,000 се Славјани, а другите 1, 075,000 луѓе припаѓаат на други националности, имено: 695.000 Турци, Албанци и Татари, 220.000 Грци, 90.000 Евреи и 70.000 Романци . Нека забележиме уште дека од 1,200,000 Славјани треба да се извадат 100.000 Славјано-мохамеданци. Значи, храстианекотото словенско население е 1,1.00,000 лица, т. е. помалку од половина. Но и тоа уште не е се. Од тој дел треба да се извадат уште 300.000 Славјани, кои го признаваат грчкиот патријарх. Тие се приклонуваат кон грчката партија, – пишува Вајганд, – а може некои од нив да имаат симпатии кон Србите. Така да Македонци кои се сметаат за Бугари, остануваат само 800.000 душа. Да претпоставиме дека половина од Гораните 300.000 лица или дури сите тие се прогласат за Бугари, сепак, дури и во овој случај, бугарското население ќе составува само едно релативно мнозинство. Во секој случај, фактот дека половина од населението на Македонија не е славјанско – а толку повеќе не е бугарско – е неоспорно. Во овој случај Бугарија би се јавила не како ослободителка, туку како завојователка.
Единствената праведна форма на управување во Македонија е автономна федерација на различните македонски окрузи, поделени колку што може по народности.
Сепаратистите изразуваат и други, заеднички политички причини. Ако Македонија се приклучи кон Бугарија, последнята неизбежно треба да стане силна држава. Во сегашните граници Бугарија брои околу 750.000 странци на едно население од 3,400,000 лица (600.000 Турци, 60.000 Грци, 30.000 Евреи и 65.000 Романци). Но, ако се приклучи и Македонија кон неа, тогаш една третина од целото население на Бугарија ќе се состои од странци. За да се одржи во послушност такво импресивно малцинство, Бугарија треба да се претвори, во воено-полициска држава. Нема сомнеж дека тоа ќе се одрази извонредно деструктивно врз политичкиот и економскиот развој на земјата. Покрај тоа, присоединувањето на Македонија ќе ни создаде непомирливи непријатели во лицето на Србија и Грција, заради кои тоа ќе биде страшен удар. Тогаш Бугарија ќе стане фактичка владетелка на Балканскиот Полуостров, бидејќи нејзината територија ќе се протега од Дунав до Егејското Море и од Црното Море до Јадранско Море. Балканскиот полуостров ќе стане тогаш театар на уште една братоубиствеиа војна, до кога конечно некој силен сосед не не натера да заќутиме и да се смириме, откако ќе ги освои и едните и другите. Ние немаме никаков интерес да си создаваме непријатели од Србите, Грците и Романците. Напротив, за нас е суштинско потребно меѓусебно да се разбереме со тие народи и да создадеме унија за заедничка одбрана против секаква надворешна интервенција. При тие услови најдобро разумно решение на македонското прашање е спогодбата меѓу заинтересираните балкански држави неутралност “Македонија за Македонците” – еве какво треба да биде мотото на оваа политика.
Навистина, бугарските националисти не сакаат сега автономија за Македонија, но сепак гледаат на оваа автономија како на преодна фаза. Бугарската влада и бугарското општество треба да се откажат од секакви освојувачки намери и да понудат на заинтересираните држави да состават еден меѓународен договор, во кој секој да се откаже од понатамошни побарувања. Со вакво решение на прашањето сепаратистите гледаат многубројни бенефиции за земјата. Една таква спогодба би отворило нова ера во Бугарија. Тоа би ја олеснила и одлуката на источниот прашање бидејќи една балканска федерација – во која и Македонија би влегла како автономна единица – со своите 15 милиони жители би била доволно силна за да ги натера сама, без никакво надворешно помош, Турција да ја признае нејзината одлука. Останува уште стремежит на Србите, за излезе на море. Сепаратистите го решаваат ова прашање со укинувањето на царините меѓу земјите на идната конфедерација.“ –пишува Д. Григорев
„Претенденти за Македонија“ е статија превземена од руското списание “Жизнь” (ноември 1899 година), која го носи потписот Дионисиј Григорев, дописник од Софија”. Во Бугарија е објавена во 1900 година.  Во неа авторот дава интересни подгледи за соседите на Македонија и нивната борбите за да се завладее со Македонија.
(извор: од “Д. Григорeв” (Г. Бакалов), Варна, 1900, 30 стр. – https://macedonia-history.blogspot.mk/2006/11/blog-post_09.html)Балканскиот полуостров ќе стане тогаш театар на уште една братоубиствеиа војна, додека конечно некој силен сосед не не натера да заќутиме и да се с

Пронајдете не на следниве мрежи: