Компјутекс, Тајпеј, Тајван, 3-ти Јуни, 2014 – Како што компјутерската технологија продолжува да се развива и шири надвор од традиционалната PC рамка, претседателот на корпорацијата Интел, Рене Џејмс изјави дека Интел и Тајванскиот технолошки екосистем имаат возбудлива можност да градат врз долгата историја на меѓусебна соработка во полето на иновациите и испорачувањето на вистински и беспрекорни персонални компјутерски искуства.Преглед на новостите:
• 130 нови Интел таблети базирани на Андроид и Виндоус дебитираат на глобалниот пазар на производители оваа година и повеќе од десетина се лансирани на пазарот за времетраењето на Компјутекс.
• Откривање на првиот 14нм дизајн, изостанува класичниот начин на ладење (fanless), деллив 2 во 1 напојуван од новиот Intel® Core™ M процесор кој ќе стане достапен на пазарот покасно во оваа година.
• Направен е првиот повик на смартфон базиран на првата Интелова интегрирана mobile SOC (SoFIA).
• Претставен првиот Интелов процесор што работи на 4GHz на четири јадра истовремено: отклучена е 4-тата генерација Intel® Core™ i7 процесори за ентузијасти.
• Потцртан напредокот кон визијата за испорачување на 3-Д камера и технологија за препознавање на глас за поприродна, интуитивна интеракција со компјутерски уреди.
Процесорската технологија продолжува да се смалува со поголеми перформанси и пониска потрошувачка на енергија благодарение на Муровиот закон, проширувајќи го нивото и потенцијалот на технологијата на Интел и на Тајванскиот екосистем, од инфраструктура за клауд компјутинг и Интернетот на нештата (IoT) кај персонална, мобилна компјутерска и „wearable“ технологија.
„Границите помеѓу технолошките категории избледуваат како што ерата на интегрирани компјутери завзема став каде што формата е помалку важна наспроти искуството што сите овие направи го обезбедуваат поврзани помеѓу себе и на клауд“ изјави Џејмс. „Без разлика дали се работи за паметни телефони, паметни маички, ултра-тенки 2 во 1 уреди или пак нова клауд услуга овозможена на паметни згради опремени со поврзани системи, Интел и Тајвантскиот екосистем заедно имаат можост да ја забрзаат и испорачаат вредноста на паметните уреди, за беспрекорно поврзан и интегриран свет на компјутерите.“
Џејмс нагласи дека технологиите на Интел, продуктите и соработките заедно со Тајванскиот и поширокиот екосистем, имаат за цел да создадат нов бран на компјутерски паметни уреди, интегрирани и поврзани меѓусебе, на клауд и во животите на луѓето.
Персоналните компјутери доаѓаат во сите форми, димензии и искуства
Џејмс изјави дека Муровиот закон е основа која во исто време ги намалува трошоците за се помали форми со перформанси и помала потрошувачка на енергија која потрошувачите ја очекуваат.
Истакнувајќи го ова, таа зборуваше за посветеноста на Интел за испорачување на широка палета на SoC и комуникациски решенија за таблети и смартфони со различна форма, цена и оперативен систем. Џејмс нагласи дека Интел во моментот има 130 дизајни за таблет што или се моментално или ќе бидат на пазарот оваа година од глобалните произбодители и добавувачи. Повеќе од дузина Интел базирани таблети се лансираат за време на Компјутекс.
Приближно 35 проценти на таблетите базиани на Интел атом процесори во моментот вклучуваат или ќе вклучат Интел комуникациски решенија. Џејмс додаде дека категоријата 6-способни Intel® XMM™ 7260 LTE напредна платформа сега се испорачува до потрошувачите за тестирање на работењето ставајќи го Интел на лидерска позиција. Оваа нова технологија се очекува да пристигне на уредите во следните месеци.
Извршниот директор на Foxconn* се придружи на сцената на Џејмс за да претстави повеќе од 10 таблети базирани на Интел кои се достапни во моментот или ќе се испорачуваат наскоро, од основни уреди до оние сегменти со највисоки перформанси. Овие таблети се базирани на Intel® Atom™ процесор (со кодно име „ Bay Trail“ или „Clovertrail+“ системи на чип (SoC) и повеќето ги поседуваат Интеловите, а 3G или LTE комуникациски платформи.
Забележан е напредокот кон донесување на првата интегрирана мобилна SoC платформа на компанијата за основни и поскапи смартфони и таблети која треба да се појави на пазарот во четвртата четвртина од оваа година, Џејмс го оствари првиот јавен повик користејќи референтен дизајн на смартфон базиран на Intel SoFIA 3G решението со двојно јадро. Интел ќе испорача верзија на SoFIA LTE со четири јадра во првата половина на 2015 година и минатата недела беше објавен стратешкиот договор со Рокчип за додавање на четири јадрена изведба на SoFIA LTE 3G за таблети со основни перформанси на SoFIA фамилијата, исто така за првата половина од следната година.
Џејмс додатно го откри првиот 14 нанометарски референтен дизајн за компјутер без класичниот вентилатор за ладење (fanless) од Интел. 2 во 1 уредот е со екран со големина од 12.5 инчи и 7.2 милиметри дебелина без тастатура тежи 670 грама. Вклучува додатен уред што обезбедува подобро ладење за зголемување на перформансите. Иновативниот дизајн е базиран на првиот од следната генерација на Интеловите Broadwell процесори специјално направени за 2 во 1 уреди и ќе се појават на пазарот покасно во оваа година. Наречен Intel® Core™ M процесор, ќе биде енергетско најефикасен Core processor процесор во историјата на компанијата 1.
Повеќето дизајни базирани на овој нов чип се очекува да бидат fanless (без класичен уред за ладење) и да обезбедат таблети брзи како молња и лаптопи со дебелина на жилет. Интел исто така испорачува иновација и перформанси на најсложените корисници на персонален компјутер – PC. За таа цел Џејмс ја претстави четвртата генерација Intel® Core™ i7 и i5 процесор “K” SKU, првиот од Интел што испорачува четири јадра на 4 GHz основна фрекфенција. Овој десктоп процесор, направен за ентузијасти, обезбедува повисоки перформанси и овозможува нови нивоа на „оверклокинг“ можности. Овој производ ќе почне да се испорачува во јуни оваа година.
За потребите на центрите за податоци гладни за перформанси, Џејмс го претстави Intel® Solid-State Drive Data Center фамилијата за PCIe да ги задоволи зголемените потреби за високи перформанси, сигурни и доверливи решенија за складирање на податоци за пониска цена. Уредите ќе бидат достапни во третата четвртина од оваа година. За персоналните компјутери да станат уште повеќе персонални, Џејмс кажа дека треба да се однесуваат со корисниците по нивни правила, правејќи ја интеракцијата поприродна и интуитивна.
Таа нагласи соработки и нов напредок да се донесе Интеловата Intel® RealSense™ технологија и 3-Д камери како и апликации за растечкиот број на 2 во 1 уреди, се-во-едно, таблети и останати персонални компјутерски уреди. Џејмс додаде дека Intel® RealSensе софтверот и комплетот за развивање ќе биде достапен за развивачите во третата четвртина од 2014 година, овозможувајќи им на развивачите од сите нивоа на знаење и вештина да создаваат природни и интуитивни кориснички искуства. Нагласувајќи ја поддршката на Интел за софтверскиот екосистем, компанијата ќе го одржи 1.000.000 долари вредниот Intel RealSense предизвик за апликации 2014, фазата за идеи ќе почне во третата четвртина од 2014 година.Преглед на новостите:
• 130 нови Интел таблети базирани на Андроид и Виндоус дебитираат на глобалниот пазар на п