До Основното јавно обвинителство во Берово, Општина Берово преку одговорното лице градоначалникот Драги Наџински поднесе кривична пријава до Претседателот на Советот на Општина Берово Јован Матеничарски кој воедно е и претседател на ОО на СДСМ Берово за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, несовесно работење во службата од член 353-в од КЗ на РМ и фалсификување на службена исправа од член 361 од КЗ на РМ.Имено, Претседателот на Советот на општина Берово се товари за злоупотреба на службената положба и овластување со тоа што и покрај насоките од Министерството за образование и наука за формирање на 7 паралелки во прва година во ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово, потпишува Заклучок за формирање на 6 паралелки со помалку од 24 ученици за учебната 2016/2017 година каде е наведено и дека во прилог на согласноста е и табеларниот приказ на паралелки.
Од тука произлегува и тоа што и покрај надлежностите со кои располага, Претседателот го фалсификувал и табеларниот приказ на кој стои дека е изработен токму од него што е во спротивност со законските одредби.
Со сето ова, претседателот Матеничарски ја искористил, а воедно и злоупотребил својата службена положба и овластување, иако знаел дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, Несовесно работење во службата од член 353-в од КЗ на РМ и извршил фалсификување на службена исправа од член 361 од КЗ на РМ.
Имено, Претседателот на Советот на општина Берово се товари за злоупотреба на службената положба и овластување со тоа што и покрај насоките од Мини