Претставата „Љубовен маратон“ изведена пред публиката во Берово

Пред публиката во салата на Бизнис инкубаторот во Берово во рамките на програмата „Берово град на културата за 2017 година“ беше изведена премиерната изведба на  комедијата „Љубовен маратон“.Публиката имаше прилика да види една интересна приказна  за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја својата сопруга и побудува интересни прашања за тоа што сме   направиле во животот и на кој начин сме донеле некои одлуки.
Оваа претстава  е работена по дело на Нил Сајмон, а во режија на Никола Ристов.
За режисерот, ова е вторпат за тетарот во Штип да работи по дело на Сајмон.
Главниот лик во претставата на Берни Кешман го играше актерот Виктор Арев, додека во улогата на жените со кои тргнува во авантура играа актерките од помладата генерација на штипскиот театар – Марија Минчева, Ангелка Нашкова и Елена Шорова.
Следната претстава што ќе се прикажува пред публиката во Берово ќе биде на 9 Мај во 20 часот а ќе биде изведена од страна на Гестус Театар-Благоевград, Република Бугарија. Публиката имаше прилика да види една интересна приказна  за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја с

Пронајдете не на следниве мрежи: