петок, 27 ноември 2026
Најново

Превентивни мерки од кражба во автомобили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со урбаните заедници на територија на Карпош и полициската станица Карпош, денеска, пред маркетот „Веро“ во населбата Тафталиџе, го реализираше завршниот дел од проектот „Не оставајте вредни предмети во вашите автомобили“.Граѓаните беа запознаени со кампањата, која има за цел да ја подобри општата безбедност, односно да ја подигне свеста за нивна заштита од кражба во автомобилите.
Во рамки на оваа акција учествуваше и претседателот на Советот на општина Карпош, Сашо Лазаровски, кој во придружба со полициските службеници им подели на учесниците во сообраќајот, гребачи за мраз наменети за чистење на ветробранското стакло.
Во насока кон подобра реализација на проектот, беа одржани повеќе информативни средби и состаноци во просториите на урбаните заедници на општина Карпош.Граѓаните беа запознаени со кампањата, која има за цел да ја подобри општата безбедност, односно да ја подигне свеста за нивна заштита од кражба во

Поврзани вести