Придонесите за Википедија на матичниот Википедијанец во ДАРМ

Матичен Википедијанец е позиција која еден Вкипедијанец ја има во институција, како: архив, библиотека, музеј или галерија и сродни институции, на пример, или во висока универзитетска институција. Матичниот Википедијанец служи како врска меѓу Википедија и институциите. Меѓу другите задачи, матичниот Википедијанец е одговорен за зголемување на квалитетот и квантитетот на статии на Википедија на својот јазик, што се постигнува благодарение на документите, материјалите и книгите кои ги добива на користење во матичната институција.Од извештајот за работата на матичниот Википедијанец во ДАРМ можеме да ги забележиме следниве успеси:
На Википедија се закачени 727 документи, фотографии и други материјали од фондовите на ДАРМ, кои служат како илустрација на постоечките статии, но и како предизвик да се напишат статии што досега ги немало на македонски јазик. Напишани се 42 нови и подобрени се 8 постоечки статии.
Обучени се 13 заинтересирани лица за уредување на статии на Википедија на македонски јазик, кои би требало понатаму да придонесат со пишување на нови или со подобрување на постоечките статии.
Во проценти: 18.00% од подигнатите материјали веќе се употребени како илустрација на статиите, се разбира најголем дел од нив (67) се употребени на македонската Википедија, на српската 10, на бугарската Википедија 6, а некои од материјалите се веќе илустрација на статии за Македонија кои ги има на Википедиите на: германски, француски, руски, грчки, полски и на јапонски јазик.

Првиот матичен Википедијанец во светот бил волонтер во период од пет недели во Британскиот Музеј, во 2010 година. Идејата и резултатите биле позитивни, па оттогаш досега низ светот повеќе институции соработувале со Википедијанците, и примиле во своите канцеларии матични Википедијанци.
Некои од нив се: Дворецот Версај, Музејот Пикасо, Музејот на современа уметност во Њујорк, институтот Смитсонијан, Кралската библиотека во Данска, Германскиот археолошки институт, Кралското друштво во Британија, Фондацијата Салвадор Аљенде, УНЕСКО, како и архивите: Националниот архив и документација во САД  (NARA), Федералниот архив на Швајцарија, Државниот архив на Холандија, Бугарскиот државен архив и други.
Во Македонија оваа практика е од понов датум, односоно првиот матичен Википедијанец е примен во Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ), во јуни 2015 година. Денес во Македонија имаме постојан матичен Википедијанец во Државниот архив, како и матичен Википедијанец во МАНУ.
Во продолжение може да прочитате дел од придонесите за Википедија
1. Четата на Владислав Ковачев:
https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Vladislav_Kovacev_cheta.jpg
2. Српски извештај за убиството на војводата Митре Влаот, во борба со турската војска во село Жупаниште, Костурска каза, на 19 февруари 1907. (25 февруари 1907)
https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Srpski_izvestaj_za_ubistvoto_na_vojvodata_Mitre_Vlaot.pdf
3. Писмо за разбојничкото и малтретирачко однесување на спахијата Јашар Карпус од Гостивар, кон селаните и селанките во село Зубовец. (Гостивар, 10 септември 1908)
https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Maltretiranje_na_selanite_vo_selo_Zubovec,_1908.JPG
4. Исечок од лондонски весник Pall Mall Gazette од 1 ноември 1911 (нов стил), со напис под наслов: Англија, Русија и Балкан, за поделба на Македонија и создавање протекторати.
https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Pall_Mall_Gazette_about_Macedonia%27s_partition_and_creating_protectorates,_1911.JPGОд извештајот за работата на матичниот Википедијанец во ДАРМ можеме да ги забележиме следниве успеси:
На Википедија се закачени 727 докумен

Пронајдете не на следниве мрежи: