Прием на спортски клубови во Општина Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ денеска ги прими спортистите и спортските клубови од Општината. Традиционално на средбата присуствуваа голем дел на спортисти од спортските клубови за кои општината Кисела Вода обезбедува бесплатни термини за тренинг и натпревари во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“.– Имаме одлична соработка со општината Кисела Вода, која на крајот резултира со освојување три титули во сениорска, кадетска и јуниорска конкуренција. Се надевам дека таа соработка ќе се продлабочи во следниот периот, од причина што сакаме да се приклучиме на општинскиот проект ,,Спорт за секое дете“, бидејќи најмладите се најдрагоцени за развој на спортот, истакна тим менаџерот на ,,ЖКК Бадел 1862“, Љупчо Павловски.
На присутните спортисти им се обрати и Горан Јањевиќ тренерот на клубот ,,ЖОК Јанта Волеј“ кој рече дека повеќе години е дел од проектите за спорт на општината Кисела Вода и заблагодари за дадените услови за развој.
Благодарност од обезбедените услови за тренинг и натпревари искажа и претседателот на РК Спартак Кисела Вода, Сашо Денковски.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, на спортистите и спортските клубови им ги честита постигнатите резултати во изминатата спортска сезона, им посака понатамошна успешна спортска кариера, и меѓу другото, посочи дека општината Кисела Вода и во наредниот период ќе биде активна во делот на обезбедување на услови за развој на спортот, се со цел голем дел од младите безгрижно да спортуваат во спортските сали.– Имаме одлична соработка со општината Кисела Вода, која на крајот резултира со освојување три титули во сениорска, кадетска и јуниорска конк

Пронајдете не на следниве мрежи: