Приказна за идентични близнаци: Едниот ЕВРЕЈ, другиот НАЦИСТ

Loading...

Џек Јуфе починал пред неколку дена од рак во болница во Сан Диего на 82 години, по 18 години од смртта на неговиот идентичен брат близнак Оскар Штор.Судбината страшно си поиграла со нив. Се работи за двајца браќа, по татко Евреин, од кои едниот  животниот пат го навел во кибуц (здруга) во Израел, додека другиот од Втората светска војна излегол како најголем нацист.
Во животот се сретнале само два пати, истовремено и се сакале и се мразеле, а фрапантните сличности и покрај потполната разделеност, и денес фасцинираат со психологијата ширум светот.
Се родиле на Тринидад во Порт оф Спеин на 16 јануари 1933. Тоа што татко им Јозеф бил евреин, а мајка им Елизабет католик од Германија, не играло никаква улога во тоа што родителите им се развеле кога имале само 6 месеци.
Проблемот бил во тоа што татко им бил склон кон алкохол и  трчал по други жени, а на мајка им тоа не сакала да го трпи. Се разделиле.
Мајката го одвела Оскар со себе во Германија, Џек останал со татко му и така започнала една од најбизарните драми во Втората светска војна.
Во Германија нацистите веќе дошле на власт, а и  очувот на Оскар за кого се омажила мајка му би исто така тврдокорен нацист што  германската баба му забранила на Оскар да го споменува своето еврејско потекло пред својот очув.
Се работечо за опстанок. Освен тоа, животот врвел понатаму и малиот Оскар научил со целото одделение да го поздравува учителот со „Хај Хитлер“, да се радува на собирите Хитлерјуген и сите оние забави на кои нацистите ги одгледувале своите деца да пораснат во вистински нацисти.
За среќа, па војната завршила доволно рано за да не дојде ред и Оскар да загине за Фирер.
Џек, од друга страна, израснал на другата страна на Атлантикот, на Тринидад, британска колонија, место кое и за него би  било рај доколку онака црвенокос не се разликувал од околината.
Низ детството учествувал во повеќе тапчки и  со татко му се преселил во  Венецуела во 1948. Дури таму го почувствувал вистинскиот ужас  на холокаустот бидејќи живееле со сестрата на татко му  која единстевна од сите негови роднини успеала да преживее во логорот во Дахау.

 
Шок на првата средба во Франкфурт
Таа го уверила дека за него е најдобро да се одсели во кибуц во Израел кој  штотуку се раѓал. Без желба, младиот Јуфе ја послушал и во  Израел служел во морнарица.
Јазоот помеѓу близнаците со тоа станал потполн. Сите тие години браќата знаеле еден за друг. Психологот Ненси Сегал, која ги проучувала покрај уште десетина други сличлни случаеви, иако не така драматични, пишувала подоцна дека браќата во тоа време почнале да се допишуваат.
„Тоа се прилично нежни писма. Оскар ги почнувал со: ’Мој  драги брате’, а Џек ги завршувал со ’Твојот сакан брат’“, забележала таа.
И се така  до 1954, кога Јуфе одлучил да се одсели во САД кај својот брат. Му предложил на братот кој никогаш до тогаш не го видел да го посети во  Франкфурт и овој се согласил на тоа. А потоа следел шок!
Приоѓале еден на друг на аеродром и сфатле дека и  двајцата носат сини спортски кошули, со нараменици, џебови на градите, дека идвајцата  имаат исти бркови и дека носат идентични очила со жичени рамки.
Првиот својата облека ја набавил во кубиц, другиот во Франкфурт. Во една документарна емисија Јуфе се присетил на таа средба.
“Го прашав: ’Оскар зошто носиш иста кошула и очила како јас?’, а тој ми одговори: “Зошто  си ти облечен како мене? Не ни се допадна тоа што изгледаме идентично“.
Толкавата сличност не им се допаднала бидејќи и онака се гледале со недоверба. Двајцата во текот на војната имале кошмари во рска со другиот. Оскар сонувал дека е воен пилот и дека го убива својот брат , а Јуфе сонувал дека го прободува братот со бајонет.
Кога конечно се сретнале Оскар го одвел дома, но од семејството сокрил дека барт му пристигнал од Израел. Во неговата околина еврејството и понатаму било компромитирачко.
Носеле исти  ланчиња
Оскар не можел да го глда во очи. Биле тоа мачни шест дена по кои со олеснување ладно се ракувале и поздравиле за следните 25 години.
Јуфе во 1979 дознал за големо научно истражување во  Минесота на кое се испитувале токму близнаци кои своите животи ги поминале разделени
Секако дека немало подобар пример од нив двајца. Јуфе го побарал братот, а овој- на негово изненадување со задоволство ја прифатил поканата.

 
 До тогаш и двајцата се ожениле, така што било собирање на семејствата на браќата и, всушност, вистинско големо запознавање на близнаците, сега веќе на возраст од 46 години. Сличностите биле запрепастувачки. Секако дека и овој пат биле идентично облечени, дури носеле и исти ланчиња.
И двајцата оделе идентично, имале исти вкусови, јаделе исти јадења. И додека сопругите лудо се забавувале  барајќи ги најлудите сличности, и двајцата биле неверојатно тврдоглави.
Нивниот случај влегол во учебници по психологија
Во расправа попрво би умреле отколку да се откажат отколку да се откажат. Секако дека биле тоа теми за Втората светска војна, израел, Палестина, постојано биле на работ на тепачки.
Еднаш успеале дури цел ден да се препираат  околу тоа чија техника на миење на шофершајмната од автомобилот  е далеку подобра од онаа на другиот.
По таа средба никогаш повеќе не се виделе иако контактирале
Оскар работел како  електричар во рудник и починал во 1997 од рак на белите дробови. Џек имал бизнис ос прибор за фармери.
Нивниот случај влегол во учебниците  од психологија, посебно за бихевиоризам, поради растење на идентични близнациво апсолутно различни опкружувања.
Во нивниот случај научниците можеле да да бидат потполно сигурни дека се што  довело до така очигледни сличности имало врска првенствено  со нивното генетско наследство.
Неверојатно интересни биле нивните взаемни чувств. Во една прилика, кога Сегал го прашала Јуфе дали тој го сака својот брат, тој запрепастено и одговорил:„ Дали се сакаме?! Па ние досега поминавме заедно едвај месец дена. Едвај го познавам!“
За нацизмот на баратот Џек Јуфе сепак имал разбирање.
„Децата воопшто немаатвлијание на она што ги учат. Да не заменеле родителите, сигурен сум дека и  јас би бил како него. Тоа сознание всушност воопшто не ми пречи, но сепак ми е многу мило што не испаднало поинаку“, забележани се зборовите на Јуфе во учебниците по психологија.Судбината страшно си поиграла со нив. Се работи за двајца браќа, по татко Евреин, од кои едниот  животниот пат го навел во кибуц (здруга) во И

loading...