Приказна за слепото кученце кое никој не го сакаше

Со поглед полн со топлина, светлосини очи и меко крзненце, ова малечко кученце би го стопило и најладното срце.Меѓутоа, неговиот сопственик го напушти и го остави во тоалетот во една бензиска пумпа.
Вработените го пронашле целото во страв, стуткано во клопче, цимолејќи за помош.
По многу кратко време, тие забележале дека ова кученце, кое е старо само осум недели – е слепо. А кога неговиот сопственик видел дека нема никаква корист од него, тој решил да го остави на улица.
Кученцето било забележано од еден човек кој случајно го слушнал цимолењето на кученцето и веднаш ги повикал вработените да видат за што станува збор.
Анџела Лонсдејл, која работи таму, земала едно од ќебињата кои се на продажба и го завиткала кученцето во него, откако претходно со уште неколку нејзини колеги го измиле и го нахраниле.
И покрај тешкиот почеток, ова слатко кученце сепак дочека среќен крај. Откако е спасено пред скоро три недели, тоа беше посвоено од Ијан Шофилд кој веќе дома го има териерот Бела, но не можел да си дозволи да го остави ова слепо кученце на улица.
„Бел се однесува како да му е мајка. Таа е во улога на неговите очи и му дава инструкции со лаење“, рече тој.
Слепото кученце им прираснало за срце на вработените, па тие покренале кампања за собирање средства за да се изведе операција со цел да се направи обид да му се врати видот.
Синоќа беа собрани 540 фунти. Вработените и муштериите, исто така даваат по 1 фунта за да го изгласаат новото име на кученцето. Досега се собрани 120 фунти, кои ќе бидат донирани за борба против рак. Водечкото име засега е Луи (анг. loo) -бидејќи бил пронајден во тоалет.Меѓутоа, неговиот сопственик го напушти и го остави во тоалетот во една бензиска пумпа.
Вработените го пронашле целото во страв, стуткано в

Пронајдете не на следниве мрежи: