Приклучете се на глобалната кампања за климатски промени

Во Францускиот институт еколошката невладина организација Гоу Грин ја најави својата кампања #GG4Climate која има за цел да ги промовира барањата од граѓанскиот сектор и воедно да ја развие свеста за климатските промени пред престојниот Самит за климатски промени на Обединетите Нации (ОН) кој се одржува во Париз, Франција од 30-ти ноември до 11 декември. Кампањата поддржана од Амбасадата на Франција и Регионот Долна Нормандија опфаќа едукативни предавања во училиштата, филмски фестивал, фејсбук и инстраграм фото кампања. Секој може да се приклучи на кампањата со испраќање е-маил на [email protected] и хаш таг #GG4Climate.Самитот претставува најважниот политички настан за климатски промени на кој делегации од преку 190 земји ќе преговараат за план за справување со климатските промени. Секоја земја има подготвено документ со придонеси кон климатските промени, а Република Македонија, има намера да придонесе со намалување на емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива за 30%,односно за 36% при повисоко ниво на амбиција, до 2030 година. Со мерките предвидени може да се очекуваат околу 6000 зелени работни места во 2030 година со реализација на мерки за енергетска ефикасност во згради и нискојаглеродно снабдување со енергија (обновливи извори и гас). Целосниот документ кој Република Македонија го поднесе до ОН може да го преземете на www.klimatskipromeni.mk.

Еколошката организација Гоу Грин ќе биде дел од официјалната делегација на Самитот и воедно ќе има и свои претставници на конференцијата за млади. Барањата на Гоу Грин до политичарите се:
1. Договорот да има за цел да се постигне 100% обновлив енергетски систем со целосен прекин на употреба на фосилни горива до 2050 и да вклучува финансиска поддршка за земјите во развој. Договорот да стапи веднаш на сила и да биде правно обврзувачки и применлив за сите држави;
2. Заштедата на природните ресурси и енергетската ефикасност да бидат приоритети и во суштината на планот;
3. Младите да бидат активно вклучени во процесот на носење одлуки. Образовниот систем да се прилагоди на побарувачката на пазарот на трудот на чистата енергија, којшто ќе отвори над 3 милиони работни места до 2020 само во Европа;
4. Да се создадат услови за секое лице да може да произведува, троши и складира енергија со сопствените расположливи ресурси. Протоколот на ОН да создаде рамка со којашто ќе се овозможи децентрализиран енергетски систем, како замена на сегашниот централизиран, монополистички енергетски систем.
5. Усвојување на политики и стратегии кои ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови од превозот. Политиките и инвестирањето во алтернативни превозни средства, како железницата и велосипедите, се вистинскиот пат до здраво и одржливо нискојаглеродно општество.
6. Со очекувани околу 200 милиони еколошки бегалци до 2050 година, човековите права и солидарноста е неопходно да бидат во центарот на процесот на интеграција. Очекуваме дека Протоколот на ОН ќе ги доближи земјите и ќе создаде механизам кој ќе овозможи регоинално зајакнување и меѓународна соработка на сите нивоа.
Со седиште во Скопје и иницијативни групи во Загреб и Брисел, Go Green развива меѓународна младинска мрежа за животна средина и активно ги вклучува младите во климатската и енергетската транзиција на сите нивоа. Членови на Гоу Грин од Скопје, Загреб и Брисел ќе земат учество во различни настани во Париз поврзани со климатските промени.Самитот претставува најважниот политички настан за климатски промени на кој делегации од преку 190 земји ќе преговараат за план за справување со кл

Пронајдете не на следниве мрежи: