ПРИЛЕП: Брат ја чувал својата сестра почината во нивниот дом повеќе од 1 година!

Брат ја чувал својата сестра почината повеќе од една година во нивниот дом во Прилеп. Полицијата вчера околу 17 часот го пронашла мртвото тело на 49 годишната Милка Наумоска во нејзиниот дом на улицата „Браќа Ламески“ број 1 А. Според изјавите на итната помош, Наумоска била почината повеќе од една година и нејзиното тело веќе било во распаѓање. Не се знае поради кои причини нејзиниот брат, Јане Наумоски, ја чувал дома својата почината сестра. Неофицијално и братот и сестрата биле лица со посебни потреби.
„Според првичната проценка жената била почината пред повеќе од една година, била чувана во посебна просторија, каде било прскано со средства против мушички, покриена со неколку кебиња. Телото било буквално мумифицирано и личело на египетска мумија“, рече д-р Гоце Јонзоски, лекар во Итна помош Прилеп.
Наумоски, денеска беше во својот дом, но не сакаше да даде изјава пред камерите зошто и колку време ја чувал дома својата почината сестра.
Од Центарот за социјална работа од Прилеп велат дека некој анонимно на 4 февруари пријавил кај нив дека Наумоски се во тешка финансиска и здравствена состојба. Центарот веднаш оформил тим и ги посетиле.. Кога Наумоски ја отворил вратата стручните лица почувствувале силна непријатна миризба од домот, но тој не ги примил внатре. На прашањето од социјалните работници каде е неговата сестра, тој велел дека таа била излезена и не знае кога ќе се врати. Другиот ден Центарот за случајот ја известил и полицијата. За непријатната миризба вчера пријавиле и соседите по што интервенирала и МВР.
Јавната обвинителка, Маријана Илиеска, истакна дека побарала врз телото на Наумоска да се изврши обдуција за да се утврди од што и кога починала 49 годишната прилепчанка. Неофицијално и братот и сестрата биле лица со посебни потреби.
„Според првичната проценка жената била почината пред повеќе од една

Пронајдете не на следниве мрежи: