Прилеп град на фудбалот

Во чест на 50 години ОФС и 50 години Судиска организација, денеска во просториите на големата собраниска сала на општина Прилеп беше презентирана книгата „50 години ОФС“.Организаторите посочија дека Прилеп отсекогаш бил расадник на талентирани фудбалери, тренери, фудбалски судии, контролори, делегати и фудбалски спортски работници.
„Еден од повеќето приоритети на Општина Прилеп во соработка со Владата на Р.Македонија, Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и другу донатори е инвестирање во подобрување на условите за развој на спортот во Прилеп, за здравиот психофизички развој на младите и градење на врвни спортови и врвни спортисти. Покрај изградбата на фудбалски терени за голем фудбал на „Паркот на Револуцијата“ и во населеното место Тополчани, направен е, за прв пат во историјата на Прилеп стадион со вештачка трева за голем фудбал, се изградиа четири нови спортски сали, две балон сали, спортски игралишта, терени со вештачка трева, а како општина даваме несебична поддршка во првата, втората и третата лига на младите и талентирани фудбалери, општинските лиги и на фудбалот воопшто“ посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
Општина Прилеп ќе продолжи со доизградба на фудбалскиот стадион за голем фудбал во населеното место Алинци, се очекува и започнување на реконструкција и осветлување на фудбалскиот стадион во Големо Коњари. Капитален проект, кој започна да се реализира во градот Прилеп, а кој најмногу ќе допринесе за развој на фудбалот во градот и Македонија е изградбата после повеќе децении на градскиот стадион „Гоце Делчев“ од програмата ХЕТ ТРИК – 4, донација од УЕФА.Организаторите посочија дека Прилеп отсекогаш бил расадник на талентирани фудбалери, тренери, фудбалски судии, контролори, делегати и фудбалски спо

Пронајдете не на следниве мрежи: