Прилеп полека, но сигурно, станува Центар за развој на екстремните спортови на Балканот и ја остварува својата цел за развој на овој вид на алтернативен туризам.Еден од тие спортови е болдерингот преку кого Прилеп повеќе пати се најде на страниците на светските медиуми. Последниот ваков текст за градот под Марковите кули е оној кој пред неколку денови излезе во британскиот двомесечник „Climber“ и кој го промовира Прилеп како источноевропска топ болдер дестинација за сите љубители на адреналинот и искачувањето по карпи.
Инаку Прилеп во последните неколку години, благодарение на големите напори на локалната самоуправа, како и на Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“, стана вистинска атрактивна хит дестинација за развојот на овој спорт. Уникатните карпи од вулканско потекло кои се наоѓаат околу Прилеп, особено на локалитетите „Камена Баба“, „Маркови кули“ и „Трескавец“ се едни од најинтересните и единствени вакви предели во светот. Тие станаа вистинска мета за љубителите на болдерингот од целиот свет, кои секоја година во огромен број доаѓаат во Прилеп.
„Како локална самоуправа во последните неколку години посветивме големи напори да го промовираме Прилеп во хит дестинација за развој на екстремните спортови како на Балканот, така и во Европа и светот. Еден од тие спортови кои ги негува Прилеп, покрај параглајдингот, планинското трчање, планинскиот велосипедизам, мото крос трките е и болдерингот или искачувањето по карпи. Овој екстремен спорт стана вистинска атракција за нашиот град и тука секоја година доаѓаат илјадници качувачи од целиот свет да уживаат во прекрасната природа и во уникатните предели на нашиот регион. Со изградбата на патот за манастирот Трескавец, покрај локалитетите „Камена Баба“ и „Маркови кули“ отворивме уште еден ваков терен за искачувачите по карпи, со што дополнително придонесовме за развојот на овој спорт кај нас. Овие манифестации кои се одржуваат во нашата општина секогаш се максимално поддржани од локалната самоуправа. Со доаѓањето на огромниот број на туристи, токму поради болдерингот, како и другите екстремни спортови, секако економски бенефит има градот, чаршијата, хотелите и сите други угостителски објекти“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Линк : https://www.youtube.com/watch?v=N6mb-VlY22o
Ристо Белокапоски од Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп, вели дека ова не е прв пат Прилеп со болдерингот да се најде на страниците на познатите светски магазини.
„Болдерингот е искачување на помали карпи, без никаква опрема и Прилеп е една од 10-те топ дестинации за развој на болдерингот во Европа и има големи перспективи за развој на овој екстремен спорт кај нас. Секоја година нас не посетуваат огромен број на љубители на искачувањето по карпите. Освен во магазинот „Climber“, претходно бевме промовирани како атрактивна дестинација за болдеринг и во француското списание за искачување „Grimper“, како и во „Le Alpi“, списание кое го издава клубот за алпинизам на Швајцарија. Да не заборавиме дека во 2014 година кај нас се одржа и настанот „Petzl Rock Trip“, кој го организираше француската компанија за опрема за качување „Petzl“ и кој предизвика голем интерес во Европа, а тогаш за Прилеп беа снимени и доста промотивни видеа кои го промовираа нашиот град насекаде во светот. За болдерингот и Прилеп се има доста пишувано и во многу други балкански списанија за екстремни спортови“, вели Ристо Белокапоски од Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.
Токму поради атрактивноста на теренот и афирмацијата на Прилеп во светски рамки, компанијата за спортска опрема „Адидас“ ги одбра Марковите кули како место за снимање на свој рекламен спорт.
Локалната самоуправа од Прилеп, заедно со бројните спортски клубови од нашиот град, посветува големо внимание за развој на овие екстремни спортови. Се изгради полетувалиште за параглајдери кај манастирот Трескавец, секоја година се одржува ултра планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“, Мариово се промовира преку настанот за планински велосипедизам „Mariovo off road experience“, а исто така се негува и мото крос спортот.
Линк : https://www.youtube.com/watch?v=IJuehjDIaDA
„Лани во октомври го организиравме и настанот „PRILEP EXTREME WEEKEND“ на кој се одржа и првото македонско трофи, на кое со своите џипови, учествуваа повеќе од 120 учесници од повеќе држави. Во исто време, на патеката кај Лагово, по 4-ти пат се одржа и меѓународната трката со крос мотори насловена како „Stormriders“. Оваа патека во иднина ќе прерасне во современ мото центар со повеќе патеки за џипови, постоечката патека за крос мотори ќе се доуреди за да може на неа да се одржуваат и меѓународни натпревари кои ќе се бодуваат, а ќе се гради и патека за картинг. Исто така за прв пат во Македонија, лани кај манастирот Трескавец, се организираше уште еден аутдор фестивал од екстремните спортови, на кој се промовираше одењето по трака над провалија висока 30 метри, или спорт познат како highline. Тоа е уште една атракција која Прилеп ќе ја нуди во иднина. Значи покрај развојот на фестивалскиот туризам, по кој сме надалеку познати, развојот на спортскиот туризам е вториот сегмент од нашата програма како локална самоуправа за привлекување на туристи. Секако крајната цел на сето ова е економскиот бенефит, затоа што туризмот е една од носечките економски гранки, не само во Прилеп, туку и во светот и ние и во иднина ќе посветиме големо внимание на него“, додаде Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Од општина Прилеп најавуваат дека и во иднина максимално ќе ги поддржуваат и развиваат сите овие спортски манифестации.Еден од тие спортови е болдерингот преку кого Прилеп повеќе пати се најде на страниците на светските медиуми. Последниот ваков текст за г