Интегрален текст од обраќањето на градоначалникот на ПрилепПочитyвани мои сограѓани, жители на општина Прилеп
Како градоначалник на град Прилеп сакам да Ви се заблагодарам на сите Вас кои на денот на изборите покажавте дека Македонија е демократска држава, a Прилеп и прилепчани излегоа масовно и без никакви притисоци слободно ја изразија својата волја, демократски гласаа за понудите на политичките партии и ја избраа онаа понуда за која оценија дека нуди попросперитетна иднина за Македонија и за нашиот град.
Сите ние, сме свесни за настаните што се случија во земјата изминатите две години. Сите притисоци што како држава ги имавме и однадвор и одвнатре. Тоа треба да биде поука за сите оние кои што се во политиката, за сите кои што имаме обврска да се грижиме за просперитетот на Прилеп и на Република Македонија.
Свесни сме за сите предизвици што постојат во нашиот регион и пошироко и затоа ни се неопходни институции со полн капацитет кои ќе се справат со сите предизвици.
Уште еднаш, им се заблагодарувам на сите граѓани без разлика на вера, националност и политичка припадност, на сите кои излеговте и допринесовте овие избори да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера без никакви инциденти.
Со овие избори конечно излегуваме од политичката криза и да се посветиме на нашите стратешки цели односно да ја продолжиме евроатланската агенда на највисокото место и како највисок приоритет за нашиот град и нашата држава
Прилеп продолжува со реализација на сите идни и најавени проекти, проекти кои ќе го разубават и подобрат градот и животот во него, продолжуваме со нови инвестиции и вработувања, инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортски терени и спортски сали, развој на земјоделието, туризмот… развој и подобрување на целокупното живеење на нашите сограѓани.
Сите заедно со срце и душа посветени за европски Прилеп и европска Македонија!Почитyвани мои сограѓани, жители на општина Прилеп
Како градоначалник на град Прилеп сакам да Ви се заблагодарам на сите Вас кои на денот н