Веднаш по објавената вест за синоќешното невреме што го зафати Скопје, Општин Прилепа се екипира и испрати екипа од ЈП „Водовод и каналзација“, цистерна со пивка вода и возило-цистерна за извлекување вода ,како и противпожарни екипи , за интервенција во зафатеното подрачје од невремето како првична помош во ублажиме на последиците од оваа катастрофа што го зафати Скопје.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан ристески нагласи дека ова е првична помош од општината и дека надлежните институции од Прилеп се во состојба на подготвеност и ќе ги чекаат насоките од надлежните институции од Скопје и Центарот за управување со кризи, за каква било понатамошна помош и интервенција.
– Сакам да изразам сочуство до семјствата кои ги загубија своите најмили во полавите што го зафатија Скопје и другите градови во Македонија . Прилеп се става во целосна функција да помогне и во оваа прилика апелирам до Прилепчани повтроно да ја покажат својата хуманост и да донираат вода ,храна, хигиенски средства за помош за настраданите семејства од поплавите .Дури,како град, може да одговориме и во смесувачки капацитети за семејства, доколку тоа е потребно.- изјави градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески
Локалната самоуправа и ОО на Црвениот крст –Прилеп , утре ,8-ми август,ќе организират и хуманитарна помош во собирање на флаширана вода, конзервирана храна, средства за хигиена и детски памперс,кој моментно им е најпотребен на настраданите семјства од елементрната катастрофа кој го зафати Скопје и другите градови . Пунктот за помош од полавите ќе биде поставен од 10 часот до 18 часот , на плоштадот Методија Андонов Ченто.Градоначалникот на Прилеп, Марјан ристески нагласи дека ова е првична помош од општината и дека надлежните институции од Прилеп се во сос