Прилепчанка со потресен статус на Фејсбук за страдањата на нејзиното семејство од бугарскиот окупатор

Премиерите на Македонија и Бугарија вчера во Софија најавија заедничко чествување на “заедничката” историја која ја имале двете држави. Заев и Борисов најавија и потпишување на договор за добрососедство на Илинден и заедничко поклонување пред споменици во Бугарија и Македонија, чин кој нашиот премиер веќе го стори, со поклонувањето пред споменикот на Цар Самоил во Софија, на кој пишува “Самоил цар на Бугарија”.На најавата за заедничко славење на “заедничката историја” со Бугарија следуваше бурна реакција од македонската јавност. Mакедонците се сеќаваат на злоделата на бугарскиот окупатор ширум Македонија и објавуваат дел од трагичните судбини на нивните предци, кои биле измачувани, стрелани, силувани…
Прилепчанката Лидија Димоска објави на својот фејсбук профил за една таква судбина која ја имале нејзините баба и дедо.
-ПРЕМИЕРЕ З.ЗАЕВ,ТРЕБА ДА ГО ПРОСЛАВАМ ИЗМАЧУВАЊЕТО НА ДЕДО МИ, СМРТТА НА ДРУГИОТ ДЕДО И СИЛУВАЊЕТО НА ПЕТТЕ БАБИ ВО НИВНИОТ ДОМ ОД БУГАРИТЕ, ЗАЕДНО СО НИВ ?Дедо ми..Мојата Гордост..Горда сум што имам дедо кој Животот го жртвувал од љубов кон својата татковина..Кој чиста среќа е што останал жив додека се гаснеле животите на стотици борци окулу него ..Дедовците ни биле крвнички измачувани, тепани, понижувани, убивани од родители, дедовци и прадедовци, роднини на оние со кои Заев сака да славиме заедно..Бабите ни биле силувани, тепани, омалуважувани..Крв била пролевана на земјава за сега да се дозволи една будала и продадена душа како Заев да ја распарчува и да прави трговија со неа.НЕ СМЕ НИТУ БУГАРИ, НИТУ АЛБАНЦИ, НИТУ ГРЦИ…МАКЕДОНЦИ СМЕ !!!, се вели во Фејсбук статусот.
На најавата за заедничко славење на “заедничката историја” со Бугарија следуваше бурна реакција од македонската јавност. Mакедонците се

Пронајдете не на следниве мрежи: