„Оперативниот тим беше инволвиран во проект што резултираше со компаниска инвестиција од 12 милиони евра комплетно нова производна опрема во последните 3-4 години. Фабриката неодамна инсталираше нова опрема за стаклена амбалажа, обработка и пакување со цел да соодветствува на критериумите на добрата производна пракса. Новоинсталираната опрема за стаклена амбалажа е проект кој се однесува на прашањето на имиџот поврзан со претходното пакување, како и кон понатамошно градење на пенетрација на СС во ОП каналите. Под водство на оперативниот тим, овој проект беше воден беспрекорно и сите рокови беа испочитувaни без да биде загрозен било кој дел од процесот“, изјавија од Прилепска пиварница.Прилепска пиварница ја доби наградата PepsiCo Chairman's Circle of Champions, за одлични перформанси во работењето. Наградата е доделена во конкуренција од сите фабрики од групацијата ПепсиКо во целиот свет, а тимот на Прилепска е единствениот награден во Европа. Воедно, пиварницата се најде меѓу најдобрите кои се 1⁄4 од 1% од сите ПепсиКо производители во светот.
Прилепскиот тим во последните неколку години работеше неуморно целејќи кон издигнување на фабриката на ниво на производител со врвен квалитет со континуирана посветеност и блиска соработка со PepsiCo International. Како резултат на овие напори фабриката константно е призната и наградувана од ПепсиКо и дадена и е огромна поддршка на патот кон поуспешни перформанси.
За да се постигнат овие цели, клучниот технички тим на фабриката од одделенијата за Квалитет, Инжинеринг и Производство успешно работеа однесувајќи се како претприемачи на нивните функции и соработувајќи меѓусебно со цел ефикасно доставување на резултати, решавање на проблеми и поддржувајќи ја фабриката во достигнувањето на оперативните и комерцијалните таргети.
Како друг пример за покажување на проактивноста и бескомпромисниот пристап кон квалитетот, тимот имплементираше статистички процес на анализа во процесот на производство, со развој на специфичен софтвер инсталиран во линијата за полнење, како и центар за извештаи за податоци и анализи. Ова се смета како најдобар пример за останатите произведувачи.
„И покрај тешката макро економска криза во Македонија со постојано зголемување на даноците, на трошоците за енергија како и даноците и трошоците за царина, во Прилеп во голема мера се зголеми годишната стапка на раст за 3.5% во последните 5 години додека перформансите на пазарот останаа исти. Ваквите убедливи деловни перформанси се резултат на убедувањето дека производот со врвен квалитет е клучниот елемент за добри деловни резултати и за стекнување на компетитивна предност. Оперативниот тим значително придонесе кон ова достигнување со демонстрирање на соработката и посветеност на одличноста во квалитет и безбедноста на храната“, стои во образложувањето за наградата.
Како пример за целосната посветеност кон стандардите на ПепсиКо, машините се секогаш избрани според последната технологија достапна, со цел да се гарантира одличноста во квалитетот и безбедноста на храната. Способноста и моќноста на тимот е претставена преку фактот дека сите членови имаат јасно разбирање на стандардите за квалитет на ПепсиКо.Прилепска пиварница ја доби наградата PepsiCo Chairman's Circle of Champions, за одлични перформанси во работењето. Наградата е доделена во ко