Прилепско Големо Коњари доби нов плоштад и парк

Во населеното место Големо Коњари денеска во употреба беше пуштен новиот плоштад – парк, проект кој чини околу 4,2 милиони денари, а инвестицијата финансиски беше поддржана од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Со изградбата и уредувањето на овој простор во населеното место Големо Коњари се создаде едно повеќенаменско катче кое ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните.„Ние сме многу задоволни како жители од изградбата на овој парк, вака убаво уреден простор може да се каже дека нема ниту во градовите. Доаѓаме тука си поседуваме, се дружиме, како ние така и децата кои си играат на игралиштето“, велат жителите на Големо Коњари.
Осумнаесет проценти од средствата на оваа инвестицјжија се обезбедени од општина Приле, а носител на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
„Ова е од голема важност за сите жители од секоја возрасна граница, пред се за најмладите, бидејќи ќе имаат катче каде да го поминуваат своето слободно време и да си играат, но и за дружење на повозрасните. Ова не е единствен проект кој е реализиран во ова населено место досега направивме канализација, пречистителна станица, тампонирани се и асфалтирани многу улици, поставено е ново улично осветлување, а комплетно се реконструираше и училиштето кое не беше реконструирано од 1924 година. До Нова година ќе гледаме да се отвори и градинката во состав на училиштето и реконструкција на стадионот за фудбал“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
„Станува збор за проект кој во голема мера ќе го збогари социјалниот живот на околу 700 жители во ова населено место, затоа што претставува дел од една поголема урбана целина, тука во близина се детското игралиште, основното училиште и дел од другите содржини кои луѓето си ги користат за своја рекреација. Станува збор за една инвестиција која од естетска гледна точка ќе го разубави населеното место но исто така ќе биде и од голема корист за населението. Оваа идеја беше на општина Прилеп“, кажа Емилија Ѓероска, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.   
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој велат дека овие проекти имале за цел да го подобрат животот на граѓаните во руралните средини.
„Ваквиот тип на проекти имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните во руралните средини и да ги задржат граѓаните во тие рурани средини. Исто така ние како Агенција поддржуваме проекти за патна инфраструктура,канализации, изработка на урбанистичлки проекти и друго, можноста е отворена и сите можат да ги користат овие средства“, Владимир Христов, Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.„Ние сме многу задоволни како жители од изградбата на овој парк, вака убаво уреден простор може да се каже дека нема ниту во градовите. Доаѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: