Принц го тужи „Форбс“ за клевета, му го намалиле богатството за 10 милијарди долари

Алвалид бин Талил- саудиски принц и милијардер го тужи „Форбс“ за клевета. Смета дека погрешно го процениле неговото богатство.
Принцот во тужбата поднесена пред британскиот суд наведува дека американскиот магазин го намалил неговото богатство за речиси 10 милијарди долари.
Бин Талал на листата најбогати луѓе во светот според Форбс се најде на 26 место, со богатство проценето на 20 милијарди долари.
Доколку се прифати проценката на Саудискиот принц, тогаш тој би требало да се најде меѓу најбогатите 10 луѓе во светот.
Бин Талал тврди дека листата на Форбс предизвикала штета на неговата репутација и компанија „Кингдом холдингс“. Форбс во своја одбрана го истакна недостигот на детални информации за имотната состојба на принцот.Алвалид бин Талил- саудиски принц и милијардер го тужи „Форбс“ за клевета. Смета дека погрешно го процениле неговото богатство.

Пронајдете не на следниве мрежи: