Приоритет на Зоран Заев е ставање на правосудните органи целосно под негова контрола

Врвен приоритет на Зоран Заев е ставање на правосудните органи целосно под негова контрола. Затоа СДС веднаш отпочнаа со чекори кои водат кон брутална партизација на органите на прогонот. Со ваквата стратегија Заев се надева дека ќе реши два проблеми. Првиот и најголем, да се спаси себе си и останатите од раководството од одговорност за криминалите и вториот, да инсталира партиски послушници кои беспоговорно ќе ги следат неговите нарачки за спроведување на политички монтирани случаи, изјави на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и владата предводена од СДС го покажаа своето вистинско лице. Врвен приоритет на Зоран Заев е ставање на правосудните органи целосно под негова контрола. Затоа СДС веднаш отпочнаа со чекори кои водат кон брутална партизација на органите на прогонот. Со ваквата стратегија Заев се надева дека ќе реши два проблеми. Првиот и најголем, да се спаси себе си и останатите од раководството од одговорност за криминалите и вториот, да инсталира партиски послушници кои беспоговорно ќе ги следат неговите нарачки за спроведување на политички монтирани случаи.
Затоа СДС наместо професионалец, за државен секретар во МВР ја именуваше Магдалена Несторовска, координатор на советничката група на СДС во Карпош.
Токму затоа, еден од првите чекори на новата влада на СДС беше покренување на постапка на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Тоа што на Зоран Заев му пречи е фактот дека Јавното обвинителство водено од Зврлевски не потклекнуваше на политички притисоци и отвараше постапки за случаи како „Поткуп“ каде што Заев е флагрантно фатен во неговиот криминален систем воспоставен во Струмица, eдно евро за вицето, едно евро за црквата. Јавното обвинителство покренуваше постапки и за изборни измами и манопулации со гласачите и за низа предмети во кои беше инволвирана Општина Струмица.
Со вчерашното гласање на Советот за јавни обвинители паднаа во вода сите манипулации кои СДС ги ширеше во изминатиот период за партизираност во работењето на правосудните органи. Излезе на виделина и вистината и вистинските мотиви на Зоран Заев.
Операцијата што СДС ја прават во моментов не е заради некави реформи или подобрување на квалитетот во работењето на правосудните органи, туку од една едноставна причина да бидат стопирани сите случаи кои се водат против нив пред јавното обвинителство.
Одговорност за случаите „Поткуп“, кирии, изборна корупција и слично мора да има. Јавноста очекува правдата да биде подеднаква за сите.
Граѓаните немаат никаква полза од ваквото дефокусирање од страна на СДС и новите приоритети кои си ги наметнуваат. Граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за нови 500 километри автопат, плати на докторите од 100.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари.
 
 Зоран Заев и владата предводена од СДС го покажаа своето вистинско лице. Врвен приоритет на Зоран Заев е ставање на правосудните органи целосно под

Пронајдете не на следниве мрежи: