Кога за момент би ѕирнале во астролошкиот свет и би ја побарале најдобрата жена за брак, веројатно би се изненадиле. Астролозите издвоија само 3 знаци кои се грижливи, нежни и добри сопруги.Кога за момент би ѕирнале во астролошкиот свет и би ја побарале најдобрата жена за брак, веројатно би се изненадиле. Астролозите издвоија само 3 знаци кои се грижливи, нежни и добри сопруги.
Јарец: Жените јарци се тешко достапни, на прв поглед дури и ладни, но под таа маска се кријат силни емоции. Тие се многу одговорни, пожртвувани и посветени, и кога е во прашање работата, а истото можете да го очекувате и во бракот со неа. Бидејќи се традиционални, семејството им е многу важно. Таа добро знае каков човек има покрај себе и колку тој вреди, и затоа ќе даде се од себе за да го извлече најдоброто од него. Како мајка, жената јарец е строга, но праведна. Се што бара од партнерот е да покаже карактер и истрајност, а и самата ги покажува. Љубовта со жената која припаѓа на овој знак не е огномет, но е оган кој ќе гори кога другите ќе догорат.
Лав: Исто како и жените ракови, и лавиците умеат да сакаат. Нивниот начин можеби е поинаков, но кога вистински сакаат, тие се искрени и со нив можете да се чувствувате сигурно. Таа е храбра и неверојатно способна, а кога се децата во прашање е силно пожртвувана. Како вистинска лавица, таа е онаа која го чува семејството, а од партнерот очекува да ја поддржи и да може да се потпре на него. Од лавицата можете да очекувате да ве опсипува со нежности и внимание.
Рак: Раковите се познати како чувствителни личности, а токму тоа е она што ги прави добри сопруги. Способноста вистински да сака ја прави жената рак спремна да стори се за својот партнер. Жената рак секогаш ќе се труди сите околу неа добро да се чувствуваат, а освен тоа е и одлична домаќинка и мајка. Она што би можело да биде проблем во односите со жените припаднички на овој знак е тоа што тие се склони на драматизирање, но никој не е совршен, зарем не? Тоа едноставно е таа, а ако ја прифатите таква каква што е можете да очекувате одличен брак. Она што таа го очекува од својот маж е почит, искреност и да биде покрај неа.Кога за момент би ѕирнале во астролошкиот свет и би ја побарале најдобрата жена за брак, веројатно би се изненадиле. Астролозите издвоија само 3 зн
Пронајдете не на следниве мрежи: