Природни лекови за брадавици!

Секојдневната примена на некои процедури и препарати може да помогне да се отстранат брадавиците без медицинска интервенција.Брадавиците (кондиломите) ги предизвикува вирус, поточно, човечкиот папилома вирус. Најчесто се појавуваат по рацете, прстите и стапалата, но можат да се развијат и да опфатат и други делови од телото.
Медицинските процедури за лечење на брадавиците обично вклучуваат горење или мрзнење. И двете процедури можат да бидат трауматични и да остават белези на кожата.
Има и природни методи, кои се безболни и не предизвикуваат трауми, крварење и белези. Природните лекови обично делуваат побавно и потребно е подолго време за да се види саканиот ефект, но резултатот е, најчесто, трајно отстранување на брадавиците без негативни ефекти.
Кора од банана
Ова е домашен метод за лечење, кој со векови се користи за отстранување на брадавици. Прсечете парче кора од банана и свртено со внатрешната страна ставете го на брадавицата. Прицврстете го парчето кора, со марамче или леплива трака,за да може да се задржи преку ноќ. Утрото кога ќе станете, отстранете го парчето кора од банана. Повторувајте ја постапката додека не забележите дека почнуваат да се формираат мртви кожни клетки на брадавицата. Отстранете ги лесно (ако не паѓаат лесно, не бидете упорни, може да си направите раничка) и продолжете со лечењето на брадавицата додека сосема не исчезне.

 
 
Екстракт од гроздово семе
Екстрактот од гроздово семе има силни антибактериски и антивирусни својства. Тој екстракт се продава во многу од продавниците за здрава храна. Едноставно намачкајте ја брадавицата со неколку капки од екстрактот, заштите го местото за да не се избрише веднаш и повторувајте ја постапката барем двапати во денот и преку ноќта, додека брадавицата не исчезне.
Сок од глуварче
Скинете глуварче со стебло и, со белиот сок што ќе се појави, намачкајте ја брадавицата, врзете го местото со парче ткаенина или медицинска лепенка и оставете да престои 24 часа. Повторувајте ја процедурата секој ден додека брадавицата не исчезне.
Лук
Лукот згмечете го, намачкајте ја брадавицата (само внимавајте да не ставите врз кожата околу брадавицата затоа што може да се иритира здравата кожа), покријте го намачканото место, оставете да отстои 24 часа, потоа измијте го местото и повторувајте ја процедурата додека брадавицата не исчезне.

 
Растителни методи за превенција на брадавици
Брадавиците ги предизвикува човечкиот папилома вирус кога имунитетот ослабува. Зајакнувањето на имунитетот може да помогне да се спречи појава на брадавици. За оваа цел има многу природни средства, едно од пораширените е ехинацејата. Исхраната богата со овошје и зеленчук, исто така, може да ја подобри работата на имунолошкиот систем.
Независно од тоа дали се работи за една или повеќе брадавици, тие се непријатен проблем, го нагрдуваат телото и делуваат на психата. Домашните методи за лечење се евтини, лесни за подготовка и ефективни. Повеќето лекари можеби ќе се изнасмеат на овие процедури, но за голем број луѓе, тие биле решение на проблемот. Пробајте, нема што да се изгуби.
МојаКозметика.мкБрадавиците (кондиломите) ги предизвикува вирус, поточно, човечкиот папилома вирус. Најчесто се појавуваат по рацете,

Пронајдете не на следниве мрежи: