Природните убавини и градби на Чешка ќе бидат преставени на изложба во БеровоОпштина Берово во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија во Музејот на град Берово ја поставуваат изложбата “Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“.
Изложбата во Музејот на град Берово ќе биде поставена во периодот од 20 до 28 април 2016 година, а истата ќе биде отворена на 20 април (среда) од страна на н.е. Мирослав Рамеш, Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија и г-дин Драги Наџински, градоначалникот на општина Берово во 18:30 часот.
Самата изложба содржи 21 слика со димензии 70 х 90 см (12 слики со споменици на УНЕСКО + мапa со објаснувања на англиски јазик со превод на македонски јазик и 8 слики со замоци и дворци во Република Чешка со објаснувања на македонски јазик).
Изложбата ги содржи најрепрезентативните градби и природни убавини во Република Чешка, меѓу кои секако посебно место заземаат спомениците кои се впишани во листата на светско наследство на УНЕСКО и на посебен начин ги запознава посетителите со природата, минатото и културата на Република Чешка.
Изложбата е од отворен карактер.Општина Берово во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија во Музејот на град Берово ја поставуваат изложбата &ldqu