вторник, 24 ноември 2026
Најново

Притвор за 73-годишниот педофил кој силуваше мало дете

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обвинителството побара притвор за 73 годишниот педофил, кој сексуално нападнал 7-годишно девојче од Охрид.Грозоморниот настан се случил завчера додека детето се враќало од училиште по ул. „Св.Климент Охридски“, во стариот дел на Охрид.
-Старецот го повикал девојчето и извршил полови дејствија врз него. 32 годишната мајка го пријавила настанот во полициската станица во Охрид. Неофицијално лицето од Скопје е уличен музичар познат на јавноста, објави Канал 5.
Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против сторителот за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Осомничениот го сторил делото на 6 јуни во центарот на градот, каде извршил други полови дејствија врз оштетеното дете. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител до основниот суд – Охрид поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.Грозоморниот настан се случил завчера додека детето се враќало од училиште по ул. „Св.Климент Охридски“, во стариот дел на Охрид.

Поврзани вести