вторник, 24 ноември 2026
Најново

Притвор за четири лица осомничени за грабеж на бензинска пумпа во Гостивар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Триесетдневен притвор им одреди судија од Основниот суд во Гостивар на четири лица осомничени за обид за грабеж на бензинска пумпа во Гостивар.– ОЈО Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Гостивар и едно од Тетово, осомничени за сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Осомничените се товарат дека со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападнат врз животот и телото на друг, се обиделе да ја ограбат бензинската пумпа на „Макпетрол”, лоцирана на ул. „Илинденска” во Гостивар.
Во намерата да ја ограбат бензинската пумпа ги спречиле двајца вработени, од кои едниот заработил удари со пендрек во главата од осомничените.
ОЈО Гостивар против осомничените поднел предлог за определување на мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважил предлогот и на сите четворица осомничени им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, сметано од денот на нивното лишување од слобода.– ОЈО Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Гостивар и едно од Тетово, осомничени за сторено кривич

Поврзани вести