Приведувањето и притворот за Игор Дурловски е удар и врз кариера на неговата сопруга

Приведувањето и одредениот притвор од 30 дена за оперскиот пејач Игор Дурловски е удар и врз успешната кариера на неговата сопруга, светски познатата сопранистка Ана Дурловски, затекнувајќи ја среде ангажмани на разни страни од светот.Поради апсењето на нејзиниот сопруг вчераутро за настаните од 27 април, Ана го одложила заминувањето во Германија, каде што имала договорени ангажмани до крајот на годинава. Пред две недели, пак, таа настапи во Кина со Шангајски симфониски оркестар и со австрискиот концертен хор „Винер сингферајн“, за што пишуваше и „Фајненшел тајмс“.
Првата македонска оперска солистка што настапила на сцената на „Метрополитен опера“ во Њујорк пред две години од претседателот Ѓорге Иванов ја доби титулата „национален уметник на Република Македонија“, откако се закити и со европскиот оперски оскар „Фауст“. Ана и не помалку успешниот бас и контраалт Игор Дурловски, имаат три малолетни деца, со кои пред две години се вратија од Германија за да живеат и да работат во Македонија, а на нивниот автомобил постојано е закачено македонското знаме.
Во меѓувреме, социјалните мрежи се вжештија од пораки со поддршка за притворениот Игор Дурловски, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок како еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која 75 дена протестираше против Тиранска платформа низ триесетина македонски градови. За помалку упатените во неговата оперска кариера, Игор тогаш стана препознатлив како редовен изведувач на македонската државна химна, со која почнуваа протестните маршови.
„Je suis Igor Durlovski! Јас сум Игор Дурловски!“, порача од својот профил на „Твитер“ министерката за култура од 2000 до 2002 година Ганка Цветанова.
„Ликот на македонскиот терорист: уметник од светски ранг, голорак, пеел химна, со што го загрозил уставниот поредок и внел ужас и страв/терор! Ова треба да го патентираме: сите терористи на Балканов вооружени, македонскиве голораки, ама опасни! Да биде иронијата поголема, Дурловски тукушто се врати од прекуокеанско патување, а овие морони го ставаат во притвор седум месеци по чинот!!! Зошто? Ќе им побегне? Ќе им се заканува на сведоците? Или можеби ќе го повтори делото? СРАМОТА! На Македонија ќе ѝ се смее цел свет!“, напиша на „Фејсбук“ универзитетската професорка Билјана Ванковска.
„Се оградувам, јас не сум од таа Македонија што Игор Дурловски го апси за тешки криминални дела против државата“, е пораката преку „Фејсбук“ на пејачката Тања Царовска, која гради кариера во Лондон, номинирана за најдобра оригинална песна напишана за филм во 2004 година на World Soundtrack Awards и главен вокал на музиката за филмот „Страдањата на Христос“.
„Игор Дурловски приведен со кривична пријава за сторени тешки дела против државата! Ќе спиете ли мирно сега со еден ‘терорист’ помалку?“, реагира преку „Фејсбук“ од својот профил Сони Петровски, уметнички директор на Македонска опера и балет кога Дурловски беше нејзин генерален директор.Поради апсењето на нејзиниот сопруг вчераутро за настаните од 27 април, Ана го одложила заминувањето во Германија, каде што имала договорени ангажм

Пронајдете не на следниве мрежи: