ПРИВИДЕНИЕ ИЛИ ВИЗИЈА: Што му се случи на Наполеон Бонапарта при влегувањето во Кеопсовата пирамида?

Пред да стане император на најнапредната земја во своето време, најпознатиот Корзиканец во историјата, ја однел својата војска во Египет. Она што му се случило во Кралската одаја во Големата пирамида во Гиза и до ден денес е мистерија.Во 1798 година, Наполеон Бонапарта покрена воена експедиција во Египет, предводејќи ги трупите на сѐ уште младата Франција. Како и многуте луѓе пред него, и тој бил фасциниран од фараоните и со себе понел многу инженери, истражувачи, историчари, астрономи и археолози.
Тој бил до тој степен восхитен од пирамидите, што пред важната битка која што се водела во нивното подножје, им се обратил на војниците и притоа покажал кон пирамидите: „Војници, запомнете дека од врвовите на овие пирамиди ве набљудува 40 векови стара историја“.
Останатите детали од неговите битки се познати, но она што помалку се знае е дека тој влегол во Кеопсовата пирамида, во внатрешноста на Кралската одаја и дека барал да остане сам некое време. Кога излегол надвор, очевидци потврдиле дека Наполеон бил потресен. Кога некој го запрашал дали доживеал нешто мистериозно, тој одбил да коментира што му се случило. Рекол само дека не сака никој повеќе да му го постави тоа прашање.
Години подоцна, кога се наоѓал на смртна постела, близок пријател му го поставил истото прашање. Наполеон наводно се подготвувал да одговори, но на самиот крај одмавнал со главата и рекол: „Не, нема поента. Никогаш не би ми поверувал“.
Она што се случило е мистерија и денес, а постојат и бројни теории кои се обидуваат да го одговорат тоа прашање. Интересно е дека наводно и други луѓе доживувале чудни работи во истата одаја; Алистер Кроули и Пол Брантон се едни од нив. Кроули тврдел дека видел „астрална светлина“, додека Брантон, кој имал преспиено внатре, подоцна раскажувал за соништа во кои се наоѓале „кругови на непријателски настроени суштества“.
Во поново време, некои научници тврдат дека визиите се предизвикани од позадинска радијација која ја емитува црниот гранит во одајата, но љубителите на окултното не веруваат во тоа. Постојат и истражувања кои покажале дека „духовниот камен“ генерира некакво електрично поле, кое може да предизвика и шок за посетителите кои ќе се осмелат да пијат од металниот сад.
Некои сугерираат дека Кеопсовата пирамида (поради гранитните блокови), може да праќа и прима радио сигнали, па дури и микробранови сигнали, а некои веруваат дека емитува енергија во „еманирачки апекс“, што значи дека енергијата спирално се слева низ структурата во вид на круг, кој се шири по атмосферата.
Поранешниот соработник на НАСА Ричард Хогланд, вели дека во одајата е пронајден радиоактивен песок, што би можело да ги објасни чудните искуства на луѓето, па и она на Бонапарта.Во 1798 година, Наполеон Бонапарта покрена воена експедиција во Египет, предводејќи ги трупите на сѐ уште младата

Пронајдете не на следниве мрежи: