Сите граѓани кои немаат поднесено елаборати за легализација на дивоградбите тоа да треба да го направат до крајот на овој месец за да се запазат законските рокови. Тоа важи за оние граѓани кои барањата за легализација ги поднеле во 2011 година.„Денеска повторно доделивме 60-тина нови решенија за легализација на дивоизградени објекти. Во оваа прилика сакам да напоменам дека привршува рокот за поднесувањето на елаборатите, што значи дека според законот до крајот на декември треба да се достават елаборатите за поднесените барања во 2011 година. Би сакал да ги повикам сите граѓани кои имаат доставено барање до приватните катастри, да појдат и да си ги подигнат елаборатите од таму. Се работи за околу 1.000 предмети, секој приватен катастар обработи по околу 200 елаборати. Исто сакам да напоменам дека сите оние кои немаат порачано елаборати, да ги порачаат и да ги донесат до крајот на декември, за да ние можеме да решаваме по нивните предмети“, рече Илија Карески, одделение за урбанизам во општина Прилеп.
Оние пак граѓани кои ги поднеле барањата за легализација во продолжениот рок, во 2016 година, поднесувањето на елаборатите можат да го направат до крајот на 2017 година.
Инаку досега во Прилеп се легализирани околу 9.000 дивоградби со што Прилеп е лидер на ниво на Македонија. Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп одговорила на дури на 9.000, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%.
За граѓаните пак ова е одлична прилика да го легализираат својот бесправно изграден имот и да добијат документ за негово поседување. Проектот е во директна корист на граѓаните кои се мошне задоволни од спроведувањето.„Денеска повторно доделивме 60-тина нови решенија за легализација на дивоизградени објекти. Во оваа прилика сакам да напоменам дека привршува