Роден сум и израснат во Скопје, карши „Женска гимназија“. Во Њујорк живеам од 1992 година, но живеам и во Скопје, неколку месеци годишно.Признавам, не без чувство на „вина”, дека не само што ми се допаѓа, туку и го сакам „Скопје 2014“. Слушајќи ги „критичарите” на Скопје 2014, верувам дека допаѓањето мора да е заради моите неизградени естетски критериуми.
Повеќе сакам град каков што гледам, отколку град во каков бев роден и каков што гледав после 1963! Празен простор, круг со трева на сред плоштад како селско гумно на кое му фалат коњ или два, калишта на местото на денешните објекти на музејот на Холокауст, театарот, музејот на националната борба… Темен, застрашувачки, непосетен лев брег на Вардар, главен град на самостојна држава без објекти на националните институции, празнина на местото на објектите срушени во земјотресот 1963 година, а изградени во Македонија како српска бановина.
Ме навредува, верувам повторно заради мојот личен примитивизам и неразбирање на духовното, кога некои од критичарите на изграденото, ми кажуваат дека тој празен, бесмислен простор, бил духот на мојот град, мојот дух, дух кој се загубил со градењето музеи, театри, концертни дворани, министерства, судови…
Единствено во што не успевам, иако се трудам, е да отидам на концерт на осуден криминалец, сопруга и подржувач на геноциден манијак, жена која не може да излезе и да пее подалеку од границите на сопствената земја и во Македонија, за да уживам во уметничките дострели во кои уживаат некои мене познати Македонци, жестоки критичари на Скопје 2014.
Викаат дека е кич. Убеден сум дека е.
Post by Gorazd Rosoklija.
Признавам, не без чувство на „вина”, дека не само што ми се допаѓа, туку и го сакам „Скопје 2014“. Слушајќи ги „критичарите