Проценете колку сте здрави со само еден поглед во огледало!

Ставете си во навика редовно да си го само-прегледувате јазикот пред огледало. Ова се 10-те најчести промени на јазикот што сигнализираат присуство на заболување во организмот.Нормалниот јазик е розов, без траги од заби и со јасна облога што покажува правилна секреција на плунката. Укажува на одлично здравје.
Доколку јазикот има бел површински слој, видливи траги од заби и неколку црвени точки покажува дека ви недостига витална енергија во телото, која е причина пак за замор, лош апетит и претерано потење. Ваквата состојба се манифестира и на расположението, па доколку имате вакви знаци на јазикот, често сте загрижени и нервозни.
Тенок жолт слој на средината опкружен со црвена површина на останатиот дел од јазикот е знак дека имате проблеми со дигестивниот систем, опстипација, дехидрација и кожни заболувања. Тоа пак се манифестира на расположението па лицата со ваков јазик обично имаат променливо расположение.
Масен бел слој и отечени рабови на јазикот – станува збор за неурамнотежена работа на метаболизмот и наклонетост кон собирање вода во организмот. Лицата со ваков јазик се чувствуваат премалено и безволно.
Црни точки на пурпурна површина – сугерираат на слаба циркулација, која предизвикува проблеми со вените, „тешки“ нозе, главоболка, болки во градите и кожа без сјај.
Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – оваа состојба открива дека организмот е изложен на постојан стрес што пак предизвикува нестабилна емоционална состојба. Можни се и воспалителни процеси.
Црвен јазик со жолт дебел слој на средината – покажува на зголемена телесна температура, која укажува на можни инфекции на мокрачните патишта и проблеми со кожата. Лицата со такви проблеми често се нервозни и лути и не се чувствуваат удобно во сопствената кожа.
Густ бел слој на средината на јазикот чија површина е бледа и отечена –ваквиот изглед упатува на инфекција или на воспаление поврзано со некоја автоимуна болест, но и на недостиг од витамини и минерали. Ваквата состојба предизвикува и блед тен.
Пукнатини на црвената површина на јазикот – упатува на габични инфекции во телото, кои често се проследени со потење, несоница и иритација.
Јазикот чија површина е бледа и без слој – укажува на намалена циркулација, анемија што може да предизвика вртоглавица, замор, а лицата со ваков јазик патат од недостиг од концентрација и помнење. Кај жените ваквиот јазик често е знак за хормонална неурамнотеженост.Нормалниот јазик е розов, без траги од заби и со јасна облога што покажува правилна секреција на плунката. Укажува на

Пронајдете не на следниве мрежи: