ПРОБАЈТЕ: Крцкав компир на шпански начин

Крцкав шпански компирПотребни состојки
1.5кг компир
70гр свеж магданос
2 поголеми чешниња лук
70мл маслиново масло
2 лажички путер
1 помал лимон
Сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечете ги на коцки во иста големина. Ставете го компирот да се вари во сад со ладна вода.
Добро посолете ја водата и умерено на повисока температура оставете да зоврие. Гответе околу 20 до 25 минути додека не омекнат.
Во мал сад помешајте го исечканиот магдонос и лук
Исцедете ја водата од зготвениот компир и ставете го на крпа да се исуши
Во голема тава загрејте го маслиновото масло, па додајте ги компирите и повремено мешајте. Компирите печете ги околу 5 минути додека кората не стане златно-кафена и крцкава.
Во компирите додајте ја комбинацијата од магдонос и лук, добро промешајте и оставете ги околу две минути. Потоа, додадете масло и ставете сол и бибер по желба.
Кога ќе бидат готови компирите, преку нив исцедете еден помал лимон.Потребни состојки
1.5кг компир
70гр свеж магданос
2 поголеми чешниња лук
70мл маслиново масло

Пронајдете не на следниве мрежи: