Маска за коса која ќе ја направите сами и за која ги знаете точните состојки, се сигурно најдобра комбинација за вашата сува и оштетена коса, како што пишува Run Healty Lifestyle.Секако дека треба да се обидете да и го вратите сјајот на вашата коса со комбинација на јајце, банана, мед и пиво. Зошто?
Јајцата се добри за растот на косата бидејќи ги содржат скоро сите аминокиселини и лецитин и ја штитат косата од оштетување.
Бананите и даваат на косата еластичност, сјај и мекост, додека медот за растот на косата е исклучиво корисен, бидејќи има големи колиичини хранливи материи и витамини Е, К, Ц, Б1, Б2 и Б6.
Шампон од сода бикарбона – СПАС за вашата коса – Прочитајте ТУКА
Пивото содржи квасец и витамини од Б групата во големи количини, кои се одлични за јакнење на косата.
Потребни состојки:
– 1 банана – 1 јајце (или само жолчката)
– 1 лажичка мед
– ½ шолја темно пиво
Соединете ги состојките во блендер, потоа нанесете ги на косата, завиткајте со фолија и држете така 1-2 часа. Потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.
Маската употребувајте ја само еднаш неделно. Секако дека треба да се обидете да и го вратите сјајот на вашата коса со комбинација на јајце, банана, мед и пиво. Зошто?
Јајцата се добри



