После ефикасното решавање на имотно правните работи, општина Карпош го затвори петгодишниот инфраструктурен проблем, кој го имаа жителите на урбаната заедница „Владо Тасевски“. Се работи за изведување на нова улица, односно пробивање на непробојниот земјен дел, по што, во цела должина ќе се асфалтира улицата Борка Талески.По тој повод денеска, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, изврши увид во градежните активности, по што, даде изјава за медиумите.
-Со пробивање на улицата Борка Талески и поставување на атмосферска канализација, конечно затворивме еден голем проблем од инфраструктурен карактер. Целата инвестиција ја чинеше локалната самоуправа, околу 9. 500. 000 денари, а со оваа интервенција, се намалува сообраќајниот метеж во овој реон – истакна првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Тој потсети дека локалната самоуправа, за сите реконтруирани улици во оваа урбана заедница, издвоила околу 80. 000. 000 денари, а заедно со двата нови плоштади на Млечен ресторан и кај Педагошка академија, вкупната инвестиција ја чини општина Карпош околу 120. 000. 000 денари.
-Со финиширање на капиталната улица Дрезденска и поставување на нова фекална и атмосферка канализација, како и со целосно реконтруираната улица Ристо Равановски, ги решивме сите проблематични точки во оваа урбана заедница – додаде Јакимовски.По тој повод денеска, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, изврши увид во градежните активности, по што, даде изјава за м