Прочитајте ги лажговците: Знаци кои укажуваат дека некој ве лаже!

Кога ќе слушнете нешто неверојатно, прилично лесно можете да откриете дали вашиот соговорник ве лаже или не. Сите ние понекогаш и се препуштаме на фантазијата, но не е иста работа да лажеме за нешто важно што, на пример може засекогаш да ја промени нашата врска, или да лажеме за колку коцки чоколадо сме изеле.Тајните агенти и детективи редовно мораат да распознаваат дали нивниот испитаник лаже или не, а тоа го откриваат со помош на изразите на лицето, говорот на телото и вербалниот индикатор или сигналите.
Марк Бутон, кој 30 години бил ФБИ агент, напишал книга “How to Spot Lies Like the FBI”, во која открива што му помогнало да го идентификува Тимоти Меквеиг како осомничен во бомбашки напад во градот Оклахома.
Но, читањето на лица, може да ви биде од корист и ако не се занимавате со детективска работа, бидејќи може лесно да откриете доколку некој ве лаже.
За почеток, најдобро би било да знаете како личноста се однесува во нормални околности, па да ја проучите со што ќе поставите неколку едноставни прашања. Така ќе откриете евентуални тикови и знаете дека тие немаат врска со вистината.
Обратете внимание на овие знаци, кои ги издаваат вистинските лажговци:

1. Луѓето обично шараат со погледот лево-десно кога им е непријатно.
2. Кога се под стрес поради лажење, луѓето трепкаат пет до шест пати побрзо од вообичаено.
3. Кога лажат луѓето често замижуваат подолго од една секунда.
4. Деснаците обично погледуваат во горен десен агол кога лажат за нешто што виделе.
5. Деснаците обично гледаат директно на десна страна кога лажат за нешто што слушнале.
6. Деснаците исто така, често погледнуваат во долен десен агол кога лажат за мириси и сетила.
7. Лажната насмевка се гледа само на усните, но не и на очите.
8. Кога лажат, луѓето често го допираат своето лице.
9. Лажењето оди рака под рака со суви усни, па лажговците често ги гризаат усните или пак, ги оближуваат.
10. Луѓето кои лажат повеќе се потат за разлика од нормални околности.
11. Некои лажговци, особено жените, се склони да поцрвенат додека лажат.
12. Доколку личноста одмавнува со главата додека нечшто зборува, всушност е веројатно дека лаже.
 Тајните агенти и детективи редовно мораат да распознаваат дали нивниот испитаник лаже или не, а тоа го откриваат со помош на изразите на лицето, го

Пронајдете не на следниве мрежи: