Говорот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди за медиумите и тајниоте друштва кој го одржал на 27 април 1961 година, во познатиот хотел Асторија во Њујорк, многумина сметаат дека го чинел живот.Две години по овој говор во кој американскиот претседател ги нападнал медиумите, уредниците и новинарите, но и открил кој владее со светот, извршен е атентатот врз него на 22 ноември во Далас. Во 12: 30 биле испукани три куршуми од пушка кон претседателот, додека се возел во лимузината со спуштен кров. Кенеди кратко потоа починал.
Неколку часа по атентатот бил уапсен поранешнен маринец Ли Харви Освалд. Набрзо бил обвинет за атентат. Освалд тврдел дека е невин, но немал прилика да го докаже тоа пред судот, бидејќи два дена подоцна бил убиен од страна на Џек Руби, сопственик на ноќен клуб поврзан со организиран криминал.
Но, да се вратиме на говорот. Кенеди во соето обраќање кажал некои работи кои се случуваат зад завеса. Откако на почетокот на говорот објаснил како функционираат медиумите, продолжил понатаму и го открил она најинтересното.
„Самиот збор ‘тајност’ е спротивен на слободата и отвореното опшество. И ние, како луѓе, по својата природа и историско наследство сме спротивставени пред тие општества, тајни завети и тајни процедури. Одамна одлучивме дека опасноста од прекувременото и неовластеното сокривање одредени документи далеку ја надминува опасноста која во стартот довела до такви мерки“, рекол Кенеди во 1961 година.
„Тука се смета и опасноста од ситуација дека потребата за зголемена сигурност ќе биде злоупотребена од оние кои нестрпливо чекаат да ја зголемат до самите граници на цензура и прикривање. Тоа е нешто што не планирам да го дозволам“, рекол Кенеди.
„Барам од секој издавач, уредник и новинар да ги преиспита своите стандарди и да ја препознае природата на опасноста која ни се заканува на сите нас.“
„На глобален план сме спротивставени пред монолитна и безобзирна завера која првенствено почива на прикриената намера да ја прошири својата сфера на влијаење; на застрашување наместо слобода на избор… Тоа е систем кој создава конструкција од тесно поврзани ефикасни машини која ги обединува економските, воените, дипломатските, научните и политичките операции. Нивните подготовки се скриени, не се објавени. Нивните грешки се скриени. Оние кои не се сложуваат со нив се замолчени, а не пофалени. Нема гласини, не се говори за трошоците, ниту една тајна не е откриена“.
По Џон Ф. Кенеди, целата династија Кенеди е уништена. Нивниот семеен албум е обоен во црна боја. По Џон, убиен е и неговиот помлад брат Роберт, американски сенатор кој се кандитирал за претседател и тоа токму во екот на кампањата во 1968 година.
Несреќната судбина ги затекнала и сите негови синови. Џо доживеал сообраќајна несреќа во која негова сопатничка останала парализирана. Во 1997 година Мајкл загинал на 39 години откако удрил во стебло на скијалиште во Аспен. Дејвид Ентони умрел од зависност од дрога.
Многу ветувал синот на американскиот претседател Џон Ричард кенеди помладиот. Примерното момче зависник од адреналин настрадал во авионска несреќа заедно со сопругата Лорен Басет.
Единствениот Кенеди, третиот брат Едвард починал во 2009 по долга и тешка болест, од рак на мозокот. По атентатот на Џон и Роберт, примал смртни закани од средината на 1960-те години.
Две години по овој говор во кој американскиот претседател ги нападнал медиумите, уредниците и новинарите, но и открил кој владее со светот, и