Постапката за продажба на 250 акции на Фудбалскиот клуб Брегалница, кои се во сопственот на Општина Штип ќе се повтори одлучи Комисијата за спроведување на продажба на акциите на ФК „Брегалница“-Штип. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов изјави дека отварањето на единствената понуда која е пристигната не е спроведено, бидејќи согледано е оти има недостатоци при објавувањето на огласот за продажба на акциите:-Значи дополнително ќе биде објавен нов оглас, а што се однесува до процедуралните недостатоци, тие се однесуваат пред се за тоа што има потреба од објавување на целиот конкурс на англиски јазик, бидејќи станува збор за меѓународен оглас и впрочем ова е нова постапка, која за првпат Општина Штип се соочува со ваков начин на огласување – вели Ристов.
Надлежните од Општина Штип дополнително ќе информираат кога ќе го објавата огласот за продажба на акциите и во кои домашни и странски медиуми ќе биде објавен.
Соња Китанова, раководител на одделението за комунални дејности во Општина Штип вели дека новиот оглас ќе биде објавен онака како што беше објавен и претходно.
– Одлуката на Советот на Општина Штип гласи дека вкупниот број од 250 акции на Општина Штип се продаваат по 100 евра од акција. Значи под истите услови, бидејќи Советот нема извршено промена на одлуката, вели Китанова.-Значи дополнително ќе биде објавен нов оглас, а што се однесува до процедуралните недостатоци, тие се однесуваат пред се за тоа што има потреба од