Денеска во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп беше продолжен договорот за проектот „Супер Марио“, помеѓу оваа институција и локалната самоуправа на градот. „Супер Марио“ е навистина еден уникатен проект на ниво на Македонија каде 13 волонтери секој ден се грижат за 100 стари и изнемоштени лица. Овој проект во Прилеп функционира веќе 4 години и работен е според европски стандарди.„Овој проект како идеја произлезе од Денот на идеи од наш сограѓанин. Заедно со Домот за стари лица го разработивме и пред 4 години започнавме со негова имплементација. Вклучени се 13 волонтери кои се грижат за околу 100 стари лица кои воопшто немаат кој да се грижи за нив или пак нивните деца или роднини не се во Прилеп и неможат често да доаѓаат кај нив. Целта на волонтерите е да ги посетуваат старите лица неколку пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да им средат нешто во домот, но и едноставно да ги дружат и да поразговараат со нив. Ќе гледаме идната година да се прошири овој проект со повеќе средства, да има и повеќе волонтери околу 20-тина, и бројката на стари лица од 100 да ја зголемиме на 150 или 200 лица кои ќе бидат корисници на овие услуги“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Проектот чини околу 1 милион денари, пари кои се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Инаку деновиве се одбележува „Неделата на стари лица“ и оваа вонинституционална форма за нивна заштита досега вроди со одлични резултати.
„Во рамките на институционалната заштита за стари лица, каква што нуди и овој Дом, постојат и вонинституционални мерки за заштита на старите лица кои што опфаќаат организирање и давање на услуги на старите лица во нивните домови. Во рамките на ова општина Прилеп веќе 4 години поддржува проект од ваков карактер кој се вика „Супер Марио“. Денес го потпишавме новиот договор за соработка на проектот „Супер Марио“ и даваме силна и јасна порака дека оваа установа и понатаму ќе дава поддршка на ваквите проекти кои се во интерес на старите лица“, додаде Ирена Стерјоска, директор на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп.
Од локалната самоуправа истакнаа дека соработката со Домот за стари лица засега била одлична и дека услугите кон корисниците биле значително подобрени. Исто така беше истакнато дека во иднина приоритет ќе биде обезбедување на средства од Министерството за труд и социјална политика за одредена реконструкција на Домот за да се подобри квалитетот на престојот на старите лица. Во домот биле сместени 146 стари лица.„Овој проект како идеја произлезе од Денот на идеи од наш сограѓанин. Заедно со Домот за стари лица го разработивме и пред 4 години започнавм