Продолжува благиот пад на производните цени во европската индустрија

Производните цени на индустриските производи во еврозоната и во ЕУ повторно благо се намалија во декември, со исто темпо како и во претходниот месец, покажаа податоците на Eurostat објавени во понеделникот.

Во двете зони цените на индустриските производи на месечно ниво се намалиле за 0,2 отсто. Доколку се изземат цените на енергијата, цените и во ЕУ и во еврозоната стагнирале, додека цените во енергетскиот сектор биле пониски за 0,8 отсто во еврозоната и за еден отсто во ЕУ.На годишно ниво производните цени во индустријата пораснале во декември за 2,1 отсто во еврозоната, односно 1,9 отсто во 27-члената ЕУ. За цела 2012 година производните цени во индустријата во еврозоната пораснале за 2,6 отсто и 2,7 отсто во ЕУ.
 
Макфакс
Производните цени на индустриските производи во еврозоната и во ЕУ повторно благо се намалија во декември, со и

Пронајдете не на следниве мрежи: