Министерот Спиро Ристовски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, денеска по повод Меѓународниот ден на спортот – 6 Април, го посетија средното училиште „Здравко Цветковски“.-Како Влада во следниот период ќе имаме силен фокус на две значајни реформи. Едната е за дисперзирање на паралелките на Спортската академија, за која во текот на изминатите денови се распиша и конкурс. Во рамки на конкурсот за упис во средните училишта се распишаа квоти за уписи на седум дисперзирани паралелки и веќе започнува процесот на селекција во рамки на Спортската академија. Вториот фокус, кој заедно како Влада, покрај Министерството, Агенцијата за млади и спорт о градоначалниците, ќе го имаме во следниот период си поставивме еден висок процент, една голема бројка на ученици која треба да биде вклучена во рамки на училишниот спорт. Ако сега говориме за бројка од триесетина илјади ученици активно вклучени во училишниот спорт на ниво на цела држава, нашиот приоритет и план за наредните две години е да се стигне на вклученост од 100 илјади ученици во различни типови и категории на спорт во рамки на училиштата со формирање на соодветни училишни спортски клубови, истакна министерот Ристовски.
Според ресорниот министер, на овој начин ќе се обезбеди директно вклучување на огромен број на млади луѓе, а со тоа ќе се зголеми и нивото на интерес за спртот, посебно во овие периоди кога Македонија постигнува значајни успеси во голем број спортски натпревари.
Трајановски истакна дека од почетокот на неговиот мандат во 2009, Град Скопје формирал Сојуз на средношколски спорт во кој се вклучени сите средни училишта во главниот град. Тие формирале 200 клубови кои опфаќаат 5.000 ученици и околу 600 натпревари во година. Двете првопласирани училишта учествуваат на државната гимназијада.
-Град Скопје вложува околу 2 милиона денари за функционирањето на лигата, зашто се плаќаат судии и дополнителниот ангажман на професорите. Исто така, годишно издвојуваме и по 1,5 милион денари за меѓународни натпревари, рече Трајановски.
За различни видови спортови Град Скопје има и репрезентации од најдобрите ученици-спортисти, кои гостуваат во градови од соседните земји, за што од буџетот на градот се издвојуваат по еден милион денари.
Ристовски и Трајановски се задоволни и од пласманот и резултатите што учениците ги постигнуваат на натпреварувањата. Сметаат дека влогот во спортот е најправилна инвестиција зашто на најмладите им носи подобро здравје и физичка подготвеност.-Како Влада во следниот период ќе имаме силен фокус на две значајни реформи. Едната е за дисперзирање на паралелките на Спортската академија, за ко