Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот за ПИОМ, Амет Даути и претседателот на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски информираа за Проектот бањско климатска рекреација на корисници на пензија.-Во изминатите пет години, проектот „Бањско- климатска рекреација на корисници на пензија“ ги надмина позитивните очекувања на прифатеност и искористеност. Во овој проект има низа позитивни аспекти, како на пример подобрување на здравјето на повозрасните лица и нивна рекреација и рехабилитација како и соодветна социјализација и квалитетно исполнето време, но исто така проектот придонесе и за развојот на бањскиот туризам во Република Македонија како и за значително подигнување на квалитетот на бањските капацитети, рече министерот Спасов.
Во однос на резултатите од спроведувањето на проектот, министерот Спасов информираше дека од 2010 година до 2014 година учествувале 27430 корисници на Министерство за труд и социјална политика пензија, и интересот за користење на проектот од година в година се повеќе расте при што годишно аплицираат над 20000 корисници на пензија.
Токму поради големиот интерес и сите позитивни страни истиот ќе продолжи да се применува и реализира и во 2015 година за што се обезбедени средства во износ од 38.000.000 денари од Буџетот на Република Македонија за бесплатна бањска рекреација на 5500 корисници на пензија.
-Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од денес, 15 јануари па сѐ до 16 февруари 2015, може да поднесат барање за користење на услугата во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Исто така повикот за користење на услугата ќе биде објавен на веб страниците на Министерството и Фондот, а истиот ќе се емитува и на Македонската радио телевизија, рече министерот Спасов и потсети дека услугата на бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од март до ноември 2015 година, во траење од 7 дена и опфаќа: 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта.
Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација. Министерство за труд и социјална политика.
Оние пензионери коишто ја искористиле услугата во претходните години (2010,2011, 2012, 2013, 2014 година) немаат право да ја користат услугата во 2015 година. Со ова се остава можност да бидат опфатени што повеќе пензионери кои претходно немале можност да ги користат услугите на проектот Бањско-климатска рекреација.
Значајна новина оваа година во рангирањето е што приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност и секако пензионерите кои имаат пониска пензија.
Меѓуресорска Комисија ќе го врши разгледувањето и рангирањето на секое поединечно барање по бодови, во распон од 1 до 100 бода.
Рангирањето се врши истовремено за поднесени барања за користење на двете услуги:
– до 50 бодови за висината на пензијата
– од 1 до 15 бодови во зависност од времетраење на користење на пензијата
– од 1 до 15 бодови за вкупниот пензиски стаж пред остварувањето на правото на пензија
– 10 бода за корисници на пензија кој пензијата ја оствариле како работници во рудници во подземен ископ со стаж на осигурување со зголемено траење;
– 10 бодови за лице што користи паричен надоместок за помош и нега од друго лице или додаток за мобилност Министерство за труд и социјална политика и слепило и додаток за глувост како и лица коишто имаат инвалидност над 80%, појасни министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Во оваа прилика, ресорниот министер искажува посебно задоволство што, како што рече, Сојузот на здруженија на пензионерите, но и јавноста широко го прифаќа и подржува овој проект, а граѓаните кои се дел од него се задоволни од услугите кои ги добиваат од правните лица-даватели на услуга.
На крајот, министерот Спасов ги повикува сите заинтересирани да аплицираат во што поголем број, да ја искористат можноста што им се нуди. „Како Влада и министерство ќе продолжиме да го јакнеме стандардот на пензионерите и ќе создаваме услови за достоинственото живеење во староста“, заврши Спасов.-Во изминатите пет години, проектот „Бањско- климатска рекреација на корисници на пензија“ ги надмина позитивните очекувања на прифатен