Продолжуваат активностите за реконструкција и рехабилитација на оштетената патна и подземна инфраструктура во населените места кои беа погодени од големите поплави на 6-ти август.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /17.09.2016 година, сабота/ присуствуваше на реконструкцијата и асфалтирањето на поголем број на улици во населеното место Стајковци. Во ова населено место состојбата е нормализирана, улиците се целосно расчистени и сега се работи на рехабилитација на патната инфраструктура и водоводните и канализациони системи.
На терен работат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои во текот на денешниот ден завршија со асфалтирање на 3 улици во Стајковци, а подготвени за асфалтирани се дополнителни 11 улици, чиешто асфалтирање ќе се изврши деновиве.
– Според планот за работа, во Стајковци треба да се реконструираат и асфалтираат 4 поголеми и 56 помали улици, со вкупна должина од околу 20 километри. Дел од овие улици со асфалтирањето ќе се вратат во првобитната состојба пред поплавите, додека во поголемиот број случаи, овие улици за првпат ќе бидат асфалтирани со што ќе се побие подобрена состојба од пред поплавите. Покрај асфалтирањето, се врши и реконструкција на канализационата мрежа и доколку дозволат временските услови, очекувам градежните работи да завршат до почетокот на месец декември – кажа градоначалникот Трајановски.
На посетата на населеното место Стајковци, присуствуваа и министерот за здравство, Никола Тодоров, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.
Министерот за транспорт и врски Мисајловски, изјави дека за реконструкцијата на улиците и другата подземна инфраструктура, во сите населени места погодени од поплавите во 6 август, ќе бидат одвоени околу 6 милиони, не сметајќи ги средствата потребни за реконструкција на Обиколницата, за што ќе бидат обезбедени дополнителни 6 милиони евра со ребаланс на Буџетот на Република Македонија.
Министерот за здравство Тодоров изјави дека досега на 3003 домаќинства кои претрпеле штети од поплавите имаат добиено аванс од 500 евра, додека за останатите, каде се појавиле проблеми со недостаток на документацијата, ќе се исплатат преку изјава на нотар и очекува да бидат целосно исплатени до крајот на месецот.
За реконструкцијата на оштетената патната и канализационата инфраструктура во населените места кои беа погодени од големите поплави на 6-ти август, Советот на Град Скопје донесе одлука со која одвои 150 милиони денари.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /17.09.2016 година, сабота/ присуствуваше на реконструкцијата и асфалтирањето на поголем б