Продолжуваат активностите за модернизација на системот за улично осветлување во Кочани

Loading...

По завршената постапка за јавна набавка,  градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски и претставници од  белградската компанија „Минел Шредер“ потпишаа   нов договор за продолжување на модернизацијата на јавното осветлување во Кочани. 
Со  овој договор ќе се прошири опфатот за осветлување на темните места, односно ќе продолжат активностите за замена на 957 и поставување на нови 124 светилки во градот и во населените места во полскиот и  во планинскиот кочански предел.
Според договорот, ќе се постават нови столбови и ќе се врши замена на стари, ќе се заменуваат каблите и останатите живини светилки – со нови, ЛЕД-светилки. Со реализацијата и на овој дел, Кочани ќе биде првата општина во Република Македонија што има целосно јавно осветлување по најсовремена технологија којашто овозможува заштеда на електрична енергија и заштеда во одржувањето.
Модернизацијата на системот за јавно осветлување во Кочани започна да се реализира минатата година, при што беа поставени околу 3 илјади ЛЕД-светилки, што резултираше со подобрена осветленост за 50 % и намалена потрошувачка на електрична енергија за повеќе од 60 %.  
 
  
Со  овој договор ќе се прошири опфатот за осветлување на темните места, односно ќе продолжат активностите за замена н

loading...
Loading...