Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, денеска /10.08.2016 година/ е во посета на населеното место Стајковци каде што интензивно се работи на расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме што пред четири дена го зафати Скопје.
-Според УХМР не беше можно да се предвиди вакво невреме зашто облакот требаше да го помине Скопје, но облакот застана над Скопска Црана Гора и истури огромно количество дожд над селата. Ограмна е површината што е зафатена, а најмногу последици има во Синѓелиќ, Инџиково и Стајковци. За жал, има и жртви и сакам уште еднаш да изразам сочуство до семејствата на настраданите во поплавите. Тешко погодени од невремето се 5 000 објекти коишто имаат големи штети. Во изминативе 4 дена најважно беше да се евакуираат луѓето и во првиот бран се евакуираа околу 1000 луѓе, потоа се чистеа главните улици за да се овозможи пристап на механизацијата до поплавените објекти. Како што знаете Владата набави 1000 пумпи за црпење вода што се веќе распоредени во Стајковци, Синѓелиќ, Инџиково и во другите поплавени места. Откако ќе се исчистат куќите ќе следува и чистење на дворовите. Владата веќе имаше неколку седници и сите свои ресурси како и Градот Скопје и јавните претпријатија ги ставија на располагање. Сакам да апелирам до сите приватни фирми коишто имаат помала маханизација да дојдат и да ни помогнат, бидејќи имаме потреба од такви машини коишто полесно ќе дојдат до непристапните места. Исто така, сакам да изразам благодарност на сите фирми и граѓани коишто донираа помош или дојдоа доброволно да помогнат на настраданите- изјави денеска градоначалникот Трајановски.
Екипите на Град Скопје ќе останат на терен се додека не се создатат услови граѓаните да се вратат во своите домови.
-Според УХМР не беше можно да се предвиди вакво невреме зашто облакот требаше да го помине Скопје, но облакот застана над Скопска Ц