Продолжуваат нападите врз полицијата од опозициски активисти

На 11.06.2016 г. (понеделник) во 16:30 часот, група од 50 до 60 граѓани организирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа со ненајавен  протест на улица Даме Груев поточно пред Министерството за финансии.МВР денес испрати детално соопштение, но и видео материјали, каде јасно може да се види како постапуваше македонската полиција за време на насилните протести.
Од 19:45 часот, пред СЈО имаше собир на граѓани од т.н. Шарена револуција кои се упатија кон улица Даме Груев со цел да им се приклучат на другата група поставена пред Министерството за Финанси, при што беше поставен кордон на  улица Македонија за да не се дозволи движење према Министерството. Откако беа блокирани демонстрантите на улица Македонија, истите се поделени во групи повеке пати се обидоа да го пробијат кордонот кај гратски ѕид со туркање и влечење на полициските службеници поставени во кордонот.
Во 21:30 часот, групата демонстранти пред Министерството за финанси се упати кон улица Македонија, при што со употреба на физичка сила кон полицискиот кордон успеа да го пробие кордонот. По пробивувањето на кордонот, демонстрантите делуваа со боја и фрлија пиротехнички средства (бакла) према Министерството.
Од страна на полициските службеници ангажирани на вчерашниот протест, во ниту еден момент не беа употребени средства за присилба или димни и шок бомби, со што воедно ги демантираме гласините од некои медиуми каде што пишуваше дека полицијата употребила димни бомби и други средства за присилба.
Протестот заврши во 22:30 часот, а учесниците на протестот во помали групи се растурија во различни насоки.МВР денес испрати детално соопштение, но и видео материјали, каде јасно може да се види како постапуваше македонската полиција за време на насилнит

Пронајдете не на следниве мрежи: