Продолжуваат со подршка на СДСМ

Давид Нинов, член на расколничката структура на Јован Вранишковски и негатор на афтокефалноста на МПЦ, во својата редовна колумна на соросовиот портал „ПлусИнфо“ на Бранко Героски повторно даде поддршка на политиките на СДСМ.
 Нинов кој е член на антимакедонската организација на Вранишковски, упатува низа неосновани критики кон Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, легитимно избран од страна на речиси 550.000 граѓани на Република Македонија.
Нинов од позиција на т.н. „свештено лице“ во антимакедонска организација продолжува да глуми и политичар, артикулирајќи ги ставовите на СДСМ.
Давид Нинов е посветен на делувањето контра МПЦ која ја има апсолутната поддршка од македонскиот народ и против македонската држава преку својата расколничка организација формирана од политички интереси на организации од соседството.
Простор за ваквото свое делување, Нинов редовно наоѓа во мегафонот на СДСМ/Сорос „Плус Инфо“ на медиумскиот експонент на опозицијата Бранко Героски.
За потсетување, Нинов и неговата расколничка организација минатата година искажаа широка поддршка и за платеничката револуција на СДСМ во која беа сквернавени споменици на историјата и културата на македонскиот народ, а беше оштетуван и државен имот при што нанесената штета изнесува повеќе стотици илјади евра.Нинов кој е член на антимакедонската организација на Вранишковски, упатува низа неосновани критики кон Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: