Продуктите на Samsung сè поголеми конкуренти на Apple

Производителот на добро познатите мобилни уреди iPad, iPhone и iPod никогаш досега се немаше сретнато со вистински достоен конкурент, способен да создаде профитабилен паметен телефон или таблет. Ниту Dell, ниту HP, Nokia или BlackBerry. И тоа беше така, се додека Apple не се соочи со Samsung Electronics. Смартфонот Galaxy S III, дело на јужнокорејскиот технолошки производител, е прв уред кој работи рамо до рамо со iPhone на Apple во однос на продажбата. Вооружен и со своите лични производни линии не телефони и таблети од серијата Galaxy, Samsung се појави како силен конкурент на Apple, пишува во анализа на The New York Times. Двете компании се единствените, во оваа високо конкурентна дистрибуција на мобилни, кои сè што ќе пуштат на пазарот, го претвораат во директна добивка. Apple држи скоро 72% од приходите на овој пазар, а Samsung – останатите. Двете конкурентни фирми се ривали кои се борат не само на глобалниот пазар на мобилни уреди, туку и во судовите. Додека Apple го должи својот успех на создавање на нови пазари и нивната доминација, како што се обиде и успеа во однос на iPhone и iPad, тогаш Samsung инвестираше многу во изучувањето на постојните пазари и иновации во самите нив. Двата технолошки концерни имаат поинаков пристап и модел на работните процеси, но се чини дека во моментов ниту едниот не му отстапува на другиот. “Ние добиваме најмногу од нашите идеи од пазарот”, рече Ким Хјун, извршен потпретседател на Samsung, во разговор за иднината на мобилните уреди. “Пазарот е возач, па ние не планираме да кажеме каде да вози тој”, додаде Хјун. Ова е во остар контраст со филозофијата на Стив Џобс, кој постојано ја отфрлаше идејата за упатување на пазарни истражувања. И Корејскиот производител може да изврши притисок над дизајнерски креации на Apple кои го освоија целиот свет со својата единствена изработка. Пред Apple да го пушти iPhone 5 кој има поголем екран во споредба со претходните модели, Samsung веќе продаваше телефони со уште поголеми дисплеи, како 5,3-инчен Galaxy. Samsung го надминува Applе, што се однесува до истражување и развој: 10,5 милијарди долари, или 5,7% од приходите на компанијата одат главно за студии во областа на технологијата и пребарување на можните иновации. За споредба – Apple одвојува само 3,4 милијарди долари или 2,2% од своите приходи. Samsung има речиси 60 илјади вработени кои работат во 34 истражувачки центри низ целиот свет, вклучувајќи ги Русија, Велика Британија, Индија, Јапонија, Израел и Кина. Дизајнерите кои седат зад изградбата на Galaxy S III, велат дека црпеле инспирација од патувањата во Камбоџа и Хелсинки, од посети на изложби на Салвадор Дали и дури од прошетка со балон во Африка. “Без истражувачкиот процес нашата работа би била незамислива”, коментира извршниот потпретседател на Samsung Чинг, кој раководи со работењето на компанијата во врска со дизајн на производите. “Ние се обидуваме со сите можни средства со кои располагаме, да ги следиме светските трендови и да бидеме во апсолутен чекор со нив”, прецизира тој. Чинг вели дека кога компанијата ги истражува пазарите за секој производ, се обраќа на актуелното во модата , автомобилите, па дури и на внатрешен дизајн. Следната битка помеѓу Apple и Samsung се очекува да биде на пазарот на телевизори и лаптопи. Иако често е опишуван како брз следбеник, Samsung се чини нема да чека Apple да го направи првиот потег во развој на интелигентни телевизори.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Производителот на добро познатите мобилни уреди iPad, iPhone и iPod никогаш досега се немаше сретнато со вистински дос

Пронајдете не на следниве мрежи: